09. 09. 2013
Во изложбениот салон на Куќата на Робевци во Охрид, пред македонската и странска јавност се изложени ретки примероци на современа охридска реза. Изложбата под наслов “Звуците на длетото”,на која беа претставени дела на 12 автори од разллични генерации изработени во разни техники, беше организирана по подолга, децениска пауза.
Резбата е занает со долга традиција во Охрид. Тука со децении постоело резбарско училиште, а по неговото затворање подмладокот се обучуваше во Ателјето на ЕМО во Охрид. Едно време резбарско ателје имаше и во Заводот и музеј. Сега има неколку поединци кои создаваат резба, од нив двајца имаат ателјеа токму на улицата што се смета за најинтересна по старата градска архитектура и најсвета која води до катедралната црква Св. Софија и до многу други сакрални споменици во Охрид.
Резбите изработени од охридските мајстори се исклучително вредни уметнички дела, кои се мошне ценети не само во Македонија, туку и пошироко. Нивните дела красат голем број духовни храмови, како и институции.
Изложба “Звуците на длетото” современи охридски резби во куќата на Робевци