Завршија подготовките на летната сцена во Античкиот театар

Завршија подготовките за чистење и одржување на вегетацијата во и околу Антички театар, илуминација, како и санација на сцената согласно годишната програма на Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид со подршка од Министерство за култура / Ministria e Kulturës како и со поединци сограѓани кои несебично помагаат во активностите, летната сцена спремно да ја дочека престојната сезона на концерти

Генералка викенд 2026

НУ Завод и Музеј Охрид, доброволно се вклучи во најголемата национална еколошка акција во државата со наслов „Генералка викенд 2026“ на 8 мај 2026 година (петок) со нашите вработени во локалитетите и дворовите на спомен куќите и музеи со заедничко чистење на отпад и уредување на отворените простори. 

Јубилејни награди

На мала свеченост во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј- Охрид, беа доделени пригодни благодарници на колеги кои остварија услов за добивање на јубилејна награда за повекегодишна непрекината работа во нашата установа, а согласно Одлука донесена на седница на Управниот одбор на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј- Охрид, за утврдување и исплата на јубилејна награда на работници за непрекината работа кај ист работодавач.
Благодарност до сите колеги.

Завршен проектот „Превентивна заштита и санација на влезните порти на музеј куќата на Робевци“- финансиски поддржан од Министерството за култура.

Дека Охрид е непресушен извор на богато материјално и нематеријално, движно и недвижно и пред се духовно наследство ѝ како целина но и секое место, уличка, куќа, крие некаква приказна и овој пат се покажа и докажа. Имено при работа на портите на куќата на Робевци пронајдени се амајлии чие потекло и значење  понатака ќе бидат цел на проучување на стручен тим составен од повеќе области во заштитата и музејската дејност.

На проектот работеа како раководител на проектот диа Тања Паскали Бунташеска-советнок конзерватор и  стручен тим составен од дипл.инж.технолог-Билјана Митаноска-конзерватор; Оливера Мишева-виш кустос; Ванчо Димоски -конзерватор; Ѓоко Филипоски-надворешен член

Реализиран проектот „Конзерваторско реставраторски работи на живописот од црквата Св. Богородица Болничка“

Во рамки на годишната програма на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид реализиран е проектот „Конзерваторско-реставраторски работи на живописот од црквата Св. Богородица Болничка“, кој е финансиран од Министерството за култура и туризам. Раководител на проектот е м-р Никола Патчев. Со реализацијата на проектот беа извршени стручни конзерваторско-реставраторски интервенции со цел заштита, стабилизација и презентација на живописот, со што се придонесува кон зачувување на културно-историското наследство од исклучително значење за Охрид и поширокиот регион. Работите беа изведени согласно важечките стручни стандарди и принципи на конзервацијата, од страна на стручен тим на конзерватори- реставратори.

Меѓународен симпозиум за Медитеранска и Теоретска Археологија – ЛИХНИДА

По повод Европските денови на наследството 2025, нашата институција, во соработка со Институтот за културно наследство и археологија и Универзитетот Хумболт во Калифорнија, го организира Првиот меѓународен симпозиум за теоретска медитеранска археологија – ЛИХНИДА во Охрид од 19 до 21 септември. Меѓународен директор на симпозиумот е амбасадорот проф. д-р Љубен Тевдовски од Институтот за историја и археологија, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, претседател на Меѓународниот научен одбор е академик проф. д-р Мигел Џон Верслујс од Универзитетот Лајден и потпретседател проф. д-р Емануела Борџија од Универзитетот Сапиенца – Рим.

Посета на делегација од Министерство за култура и туризам и Германскиот археолошки институт

Нашата установа ја посети делегација од Министерството за култура и туризам, заедно со гости од Римско-германската комисија, предводени од д-р Лукас Вертер од Германскиот археолошки институт – престижна меѓународна научна институција со долгогодишна традиција, која е под надлежност на Федералното министерство за надворешни работи на Германија. За време на посетата, заедно направивме обиколка на некои од позначајните локалитети во градот Охрид.

Конкурс за Награда Жива 2025 / „Најдобро словенско наследство“ /Форум на словенски култури

Нашата установа со своите музејски објекти и локалитети, влезе во конкуренција за наградата Жива 2025 (Best Slavic Heritage Site)– Најдобар локалитет на словенското наследство а се однесува на прославување на местата на културно наследство кои одразуваат исклучителна историска, уметничка и културна вредност а воедно имаат одржливи практики. Наградата Жива 2025 „Најдобро словенско наследство“ има за цел да ги препознае најдобрите практики на музеите и локалитетите и го истакнуваат нивниот напредок и го поттикнуваат учеството и конкуренцијата и се важни транснационални културни платформи кои промовираат дијалог, комуникација и вмрежување, размена на идеи, знаење и искуство – во однос на нивното управувањето, заштита и промоција на колекциите, нивната општествена улога, услугите и посветеноста на јавното добро преку поттикнување на иновациите, креативноста и инклузивноста.

За таа цел бевме домаќини на стручно жири составено од г-ѓа Каролина Здравиќ – музејски советник од Љубљана, Словенија и г-ѓа Неда Кнежевиќ – директор на Музејот на Југославија во Белград, Србија, во соработка со Форумот на словенски култури на кои им го претставивме нашето богатство и работата на институцијата, заради конструктивна и успешна евалуација во процесот на селекција.