slide 1
Image Slide 1
УПРАВНА ЗГРАДА - РАДНИЧКА
previous arrowprevious arrow
next arrownext arrow
Shadow

ПРИРОДНОТО И КУЛТУРНО БОГАТСТВО НА ОХРИДСКИОТ РЕГИОН 

Древниот Охрид, жив сведок на културното натпреварување на цивилизациите кои оставиле траен печат за нивното постоење и престојување во овој регион, доминира на Македонскиот брег на Охридското Езеро, горд на својата милениумска историја што го прави еден од најстарите градови на Балканот.

Неговите сегашни жители, кои имаат привилегија да живеат во оваа еколошки чиста средина богата со културни вредности, љубоморно ги чуваат и негуваат вековните традиции и од секогаш несебично го споделуваат своето огромно културно-историско наследство со бројните туристи од целиот свет.

Само во поширокиот регион на Охрид има над 250 археолошки локалитети од неолитскиот период, преку антиката па сè до доцниот среден век, потоа, повеќе од 50 цркви и манастири, од V до XIX век, тврдини со бедеми во должина од над 3.000 метри, околу 60 објекти од старата градска архитектура и повеќе од 2.500m2 средновековни фрески и околу 1.000m2 подни мозаици.

Движното културно наследство е застапено со повеќе од 2.000 икони од периодот од XI до XIX век, 119 грчки и словенски ракописи, пишувани на пергамент и хартија, 39 глаголски епиграфски споменици, околу 1.500 ретки и старопечатени книги, како и повеќе илјади други музејски предмети-археолошки, нумизматички, етнолошки, историски документи и дела од современата уметност.

Заради извонредните универзални природни, културни и историски вредности кои се огледаат во вековната синтеза на исконската природа и древното градителско наследство, одамна познато и признаено во светот, Охридското Езеро и градот Охрид со сето свое културно наследство се ставени на листата на Светското наследство на УНЕСКО.

Најпрвин, во 1979 година, Комитетот за светско наследство одлучи во листата на светско наследство, под природниот критериум (III), да влезе и Охридското Езеро, односно делот што ѝ припаѓа на Македонија (тогаш во рамките на СФРЈ).

Наредната, 1980 година, Комитетот одлучи да го прошири заштитеното подрачје на Охрид вклучувајќи ги и културните и историските вредности, според културните критериуми (I), (III) и (IV), под името “Охридскиот регион со неговите културни и историски аспекти и неговата природна околина.” На барање на Република Македонија, на Триесеттата седница на Комитетот за светското наследство, во 2006 година, името на заштитеното подрачје на Охрид е изменето во: “Природното и културното наследство на Охридскиот регион”.

Контакт

Работно време на управата

Влезници

Адреса

Настани

На мала свеченост во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј- Охрид, беа доделени пригодни благодарници на …

Дека Охрид е непресушен извор на богато материјално и нематеријално, движно и недвижно и пред се духовно наследство ѝ како целина но …

Во прекрасниот амбиент на црквата Св. Софија на ден 8 декември 2025 во Охрид се одржа централната манифестација, свечена академија во чест …

Во рамки на годишната програма на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид реализиран е проектот „Конзерваторско-реставраторски …

На 5 декември 2025 година во 12 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата „Прстенот – симбол на завет, статус, …

НУ Завод и Музеј Охрид со особена чест и задоволство, Ве поканувам на ликовната изложба „Охрид преку делата на Славко и Никола …

Музејски објекти

Куќата на Робевци Адреса: Ул. “Цар Самоил” бр. 62, 6000 Охрид. Работно време: Зимски период: од 01 Октомври до 30 Април во една смена …

Управна зграда “Радничка” Адреса:Ул, “Боро Шаин” бр. 10, 6000 Охрид Работно време:од Понеделник до Петок од 07:30 до 15:30 часот Google map  …

Меморијална куќа на Христо Узунов Адреса: Ул. “Цар Самоил” бр. 45, 6000 Охрид Работно време: од Понеделник до Петок од 07:30 до …

Галерија на икони Адреса: Ул. “Климентов Универзитет” бб, 6000 Охрид Работно време: Зимски период: од 01 Октомври до 30 Април од 09:00 до 14:00 …

Меморијална куќа на Григор Прличев Адреса: Ул. “Григор Прличев” бр. 66, 6000 ОхридРаботно време: Се отвара по најава на посетители и манифестации …

Музеј на вода Наколна населба во Заливот на Коските Адреса: с. Пештани, Градиште, 6000 Охрид Работно време: Зимски период: од 01 Октомври до 30 …

Музејско-културен центар “Лапидариум” Адреса:Ул. “Цар Самоил” бр. 62, 6000 Охрид. Google map  По повод јубилеите “485 години од постоењето на општиот музеј …

Самоилова тврдина Работно време: Зимски период: од 01 Октомври до 30 Април во една смена од 09:00 до 15:30 часот, неработен ден: понеделник …

Антички театар Античкиот театар е лоциран во подножјето на источната косина на повисокиот охридски рид, под Самоиловата крепост, во непосредна близина на …

Плаошник Локалитетот Плаошник се наоѓа во јужното подножје на повисокиот (западниот) рид на Охрид, на зарамнето плато меѓу цитаделата на Самоиловата тврдина …

7

Музејски објекти

6

Археолошки локалитети

6

Музејски збирки

150000

Посетители годишно