Златните лица на македонските кралеви-Македонците и Келтите од охридскиот регион

24. 07. 2014 – 16. 11. 2014


Дел од вредните археолошки предмети пронајдени во охридскиот регион на 24-ти јули ќе бидат изложени во Државниот музеј на Германија во рамките на изложбата што ќе се одржи кон крајот на овој или почетокот на идниот месец.

Поставката составена од 62 вредни артефакти кои потекнуваат од V до III век пред нашата ера, а се пронајдени на територијата на нашата земја за време на археолошките истражувања, е потврда за моќта на македонската аристократија, како и за контактите меѓу предисторискиот централноевропски келтски свет и медитеранската култура на империјална Македонија во периодот меѓу VI и II век п. н.е.

Ова е навистина исклучителна можност за посетителите да се запознаат со еден од најзначајните и најславните периоди од македонската историја.

Златната маска и ракавица, златен накит, монетите, медалјоните стари 25 века, познатата фигурина на Изида од алабастер, садови од керамика, белегзии, оружје, келтски шлемови, но и другите предмети сликовито ја раскажуваат приказната за Македонија, која е  неизоставен дел од мозаикот на европската цивилизација и култура. Артефактите се доказ за нашиот културно-историски идентитет, тие ја претставуваат материјалната вистина за развојот на цивилизацијата на македонската почва.

Во Манхинг се појавуваме со три блока предмети кои потекнуваат главно од градот Лихнид на Охридското Езеро. Тука е златниот трезор од Тревник, во близина на Неготино и предметите на Келтите кои своите животи ги положиле за одбрана на граѓаните на Лихнид.

Изложбата ја организира Археолошкиот музеј на Македонија во соработка со институциите од Охрид и од Неготино, со Приморскиот универзитет од Словенија, Лошињскиот музеј од Хрватска и со Келтен ромер музеум. Проектот го финансира Европската унија.

Изложба “Златните лица на македонските кралеви-Македонците и Келтите од охридскиот регион” во Келтен Ромер Музеум во Манхинг, Германија