Изложба „Охрид преку делата на Славко и Никола Упевче“

Вечерва во просторот на музејот „Куќата на Робевци” присуствуваме на една ретка и значајна уметничка изложба именувана „Охрид преку делата на Славко и Никола Упевче”.

Реткоста на оваа изложба е во тоа што со својот уметнички раскош ни се претставуваат тако и син, значи две генерации кои се исти во својот уметнички изблик но различни во своите дела, пред сè во уметничкиот израз и техниката што ја користат двајцата при создавањето на своите грандиозни дела. Ќе подвлечам уште една заедничка црта, а важи за двајцата: дела претставуваат културно сведоштво и уметнички дијалог со градот Охрид.

И двајцата уметници им се добро познати на културната јавност и во Охрид и во Македонија, но и надвор од наште граници.

Повеќе пати сум се искажувал за трајните вредности на Славко Упевче, а вечерва само ќе повторам дека преку овој ретроспективен поглед на цртежи, акварели, акрили и пастели, Славко Упевче ја бележи душата на охридскиот пејзаж и минатото, носејќи ги топлината и сеќавањата на еден град низ вековите. Пред очите тие ни се прелистуваат како живи страници на милениумската историја на Охрид. Пулсираат мирисите и боите на древноста, на она што останува во очите и во душата како шум на нешто блиско, но далечно, како светлосен зрак што нè грее, но е недофатлив, како сонувани бисери што ги имаме, но незапирливо ги губиме. Сигурен сум дека кај многумина што сме овде ни ја враќа носталгијата по Охрид кој, како песок ни истекува низ прстите.

Никола Упевче со ретката уметничка постапка и техника – мозаик ги обележува овие две и пол децении на 21 век во македонската уметност воопшто. Тој е уметник мозаичар кој негува и конзерваторски и реставраторски третмани на антички мозаици, а со самостојни и групни изложби е претставен во земјава и во странство.

„Желбата да се живее е очигледна во неговите мозаици, желбата да се игра, да се забавува е силна. Комбинира бои, мермер, стакло и други материјали со рафинирана техника и со свој препознатлив јазик”, ќе забележи неговиот италијански пријател – конзерватор Александро Лугари, а јас ќе додадам дека Никола Упевче со својата мозаична карта на Охрид и Лихнид, и преку современ израз прави мост до една нова визуелна перспектива, каде техниката и замислата се спојуваат во мурална експресија. Неговиот израз е современ, користи разни материјали и остава дела што го одразуваат мозаикот како неисцрпна истражувачка можност во овој техницизиран свет и му дава нов облик и сјај. Вечерва ја имаме можноста и да видиме како уметникот Никола Упевче мозаичната мапа на Охрид и Лихнид ја поставува на современ начин, но гледаме и модел на мозаичен „Градски часовник” наменет за црквата „Света Богородица Челничка” кој од високо ќе го мери идното охридско време. Механизмот за часовникот го конструира Борис Упевче.

Особено е важно што изложбата нè потсетува сите нас – уметници, истражувачи, љубителите на културата и публиката, – дека вистинското богатство лежи во колективното сеќавање, во одговорното пренесување на уметничкото наследство и во поддршката на креативниот процес што живее низ генерациите. Мозаици, часовничарски механизми, цртежи и слики стануваат овде јавно сведоштво за тоа колку длабока, трајна и сложена може да биде нашата историска и естетска поврзаност со градот и неговите творци. Колку и да напредуваме технички или да се менуваат ликовите на градот, човечката рака и нејзиниот творечки немир остануваат нашата најмоќна врска кон минатото и изворот на иднината.

Изложбата се оранизира во чест на 7 Ноември, денот на ослободувањето на Охрид.

Ви благодарам што сте дел од оваа средба на уметноста, меморијата и визијата за едно подобро културно утре, токму овде во срцето на Охрид.

Ликовно – едукативна работилница за деца со типичен и атипичен развој

На 27 октомври во Галеријата на икони НУ Завод и Музеј Охрид , ученици од ОУ Св.Климент Охридски преку игра и едукација го запознаа светот на музеите и културното наследство – иконописот.

Тие решаваат целни задачи,твореа, составуваа сложувалки, гледаа документарен филм во прекрасниот амбиент на изложбениот дел на охридската Галерија на икони.

Работилницата беше организирана и водена од кустосот Катерина Велкоска, а одговорни наставници- дефектолози од училиштето беа Весна Кајмакоска и Симона Казанџиоска.

Креативните работилници продолжуваат во Охридската галерија на икони и со ученици од ООУ ,, Св. Наум Охридски”

Наумовите ученици на амбиентална настава во Галерија на икони

Низ едукативна игра, видео презентација и интерактивна сложувалка дечињата се запознаа со светот на музеите, учеа за богатото и непроценливо културно и духовно наследство на Охрид, кое грижливо се чува во Галеријата на икони.

Одговорен наставник директорката Валентина Рубаноска ,а водител на работилницата Катерина Велкоска

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ОХРИДСКИ ФОЛКЛОРИСТИ“

Почитувани,
Општина Охрид Ве поканува на промоција на книгата ,,Охридски фолклористи” од авторите: проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски во издание на градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.
Програма:

Обраќање на претставник на Општина Охрид;

Обраќање на уредникот на едицијата: ,,Охридско книжевно наследство” Митре Велјаноски;

Обраќање на промоторот проф.д-р Велика Серафимоска;

Настап на Митко Колјушевски -текстописец, автор, композитор,музичар

12:00 часот
Спомен – куќа на Григор Прличев

НУ Завод и Музеј – Охрид, награден за „Најдобар словенски локалитет“

Наградата Жива за 2025 година за најдобар словенски локалитет беше доделена на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид

Наградата ја прими директорот м-р Горан Патчев во придружба на колегата Сашо Блажески.

Форумот на Словенски Култури ги објави победниците од 2025 Жива Наградите за 2025 та година во Требиње, Босна и Херцеговина

Помеѓу 8 и 11 октомври 2025 година, Форумот на словенски култури (FSK) го прослави 11-то издание на наградата Жива со меѓународна конференција и објавување на победниците во Требиње, Босна и Херцеговина.

Наградата Жива за најдобар словенски музеј, именувана по словенската божица Жива, која симболизира живот, виталност и плодност, е основана во 2014 година од страна на Меѓународната фондација FSK. Тоа беше иницијатива на директорката на FSK, д-р Андреја Рихтер, која е и лидер на проектот за наградата Жива. Оттогаш, наградите Жива за најдобар словенски музеј и најдобар словенски локалитет (воведени во 2018 година) станаа единствена транснационална културна платформа посветена на промовирање на заштитата, зачувувањето, образованието, комуникацијата и општествената улога на словенските музеи и локалитети. Денес, мрежата прерасна во значајна словенска заедница која опфаќа речиси 250 музеи и локалитети низ 13 словенски земји.

Доделувањето на наградата Жива за 2025 година во Требиње се одржа под покровителство на Никола Селаковиќ, министер за култура на Република Србија и претседател на Управниот одбор на ФСК, кој додели специјална парична награда за победникот во наградата „Најдобар словенски локалитет“.

Домаќини на доделувањето на наградата Жива и конференцијата беа Општина Требиње, претставувана од градоначалникот Мирко Ќуриќ, кој обезбеди значителна поддршка заедно со директорката на Музејот на Херцеговина во Требиње, Ивана Грујиќ, и неколку други организатори, вклучувајќи ја и Сарита Вујковиќ, директорка на реномираниот Музеј на современа уметност во Бања Лука и членка на жирито за наградата Жива.

Фактот дека на овој настан учествуваа над 140 учесници од 10 словенски земји и уште 3 други, укажува на виталноста на заедницата на културно наследство, како и на растечкиот углед на наградата Жива во Европа и пошироко.

Посебен белег на овогодинешното издание на Жива беше воведувањето на новата награда Жива за најдобро зачувување на словенското наследство низ целиот свет. Оваа нова награда ја проширува мисијата на наградата Жива надвор од границите на словенските земји претставени од FSK. Таа ги признава иницијативите што го зачувуваат словенското културно наследство и идентитет низ целиот свет. Уште во првата година, четири музеи од Италија, Унгарија и САД се натпреваруваа за оваа нова награда.

Други значајни настани беа овогодишната конференција „Одгласи на наследството и иднината на музеите“, на која беа одржани главни предавања од истакнати експерти Алесио Мацолоти (Италија), Сандро Дебоно (Малта) и Роберто Занкан (Италија/Швајцарија), како и презентации од 32 номинирани музеи. Овие презентации ги покажаа виталните улоги што ги играат овие музеи во оживувањето на културното наследство. Тие станаа живи, инклузивни простори на сеќавање, дијалог и креативност. Тие се застапници на сеќавањето на минатото со цел да се обликува иднината, патници низ времето кои користат технологија, визуелна интерпретација и раскажување приказни за да ја оживеат историјата, хроничари кои ги ангажираат заедниците и ја евидентираат нашата сегашност и визионери кои прифаќаат иновации и идентификуваат нови трендови за да изградат подготвена и поодговорна иднина. Музеите, исто така, покажаа свест за предизвиците и одговорностите што претстојат, вклучувајќи дигитална трансформација, виртуелни изложби, 3Д скенирање, вештачка интелигенција, одржливост и грижа за животната средина.

Наградата Жива за 2025 година кулминираше на 10 октомври во Требиње со церемонија на доделување награди. Оваа година, жирито за наградата Жива – составено од 16 музејски експерти од различни словенски земји и Европската музејска академија (ЕМА) – им додели награди, признанија и специјални дипломи на 13 музеи од 11 земји.

Добитници на наградите Жива за 2025 година се:

Наградата Жива за 2025 година за најдобар словенски музејбеше доделена на Хрватскиот музеј за природна историја, Загреб, Хрватска

Наградата Жива за 2025 година за најдобар словенски локалитет беше доделена на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Охрид, Северна Македонија

Почесно признание му беше доделено на „Лет а Писку“. Споменик на холокаустот на Ромите и Синтите во Бохемија, Пишек, Чешка Република.

Специјални признанија им беа доделени на:

Спомен-музеј Сибир, Бјалисток, Полска: за креативност

Куќа на Халубје ѕвонарите, Вишково, Хрватска: за одржливост.

Регионален музеј на Плевља, Црна Гора: за лидерство и тимска ефикасност.

Музеј на оружарница во замокот Лив, Полска: за внимание кон посетителите и отвореност.

Малкарпатски музеј во Пезинок,  Словачка: за раскажување приказни

Дипломи:

Специјална диплома за извонредност беше доделена на:

– Музеј Житомислиќ, Босна и Херцеговина

Диплома за зачувување на културното наследство низ целиот свет им беше доделена на:

– Музеј Каницаи Доротја, Мохач, Унгарија

– Музеј на рибарството на крајбрежјето Трст, Санта Кроче ди Трст, Италија

– Музеј на луѓето од долината Ресија, Столвица, Италија

– Национален чешко-словачки музеј и библиотека Сидар Рапидс, Ајова, САД

Форум на Словенска Култура (ФСК) Љубљана, 10 Октомври 2025 www.fsk.si

Dr Andreja Rihter

Director

Forum of Slavic Cultures

M: + 386 41 798 221 E: andreja.rihter@fsk.si

Cesta 27. aprila 47, 1000 Ljubljana, Slovenia

Меѓународен симпозиум за Медитеранска и Теоретска Археологија – ЛИХНИДА

По повод Европските денови на наследството 2025, нашата институција, во соработка со Институтот за културно наследство и археологија и Универзитетот Хумболт во Калифорнија, го организира Првиот меѓународен симпозиум за теоретска медитеранска археологија – ЛИХНИДА во Охрид од 19 до 21 септември. Меѓународен директор на симпозиумот е амбасадорот проф. д-р Љубен Тевдовски од Институтот за историја и археологија, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, претседател на Меѓународниот научен одбор е академик проф. д-р Мигел Џон Верслујс од Универзитетот Лајден и потпретседател проф. д-р Емануела Борџија од Универзитетот Сапиенца – Рим.

ИЗЛОЖБА „ЗВУКОТ НА ПЕЈСАЖОТ“

Почитувани,
Со особена чест и задоволство ве покануваме на отворањето на изложбата „Звукот на пејзажот“, на 12.09.2025 (петок) во 19.30 часот во Куќата на Робевци.

Звукот на Пејзажот обединува шест уметници од С.Македонија и Австралија, чии различни уметнички практики нудат резонантна интерпретација на македонскиот пејзаж – неговите форми, текстури и емоционални одрази. Претставена во историската Куќа на Робевци во Охрид, изложбата претставува поетски дијалог помеѓу местото и сеќавањето, традицијата и личната визија.Во оваа меѓународна изложба учествуваат:
– Јуан Маклеод (Сиднеј, Австралија) – Високо реномиран уметник во Австралија и на меѓународната сцена, познат по своите моќни, емотивни пејзажи во кои човечката фигура често се спојува со природата.

– Билјана Поп Стефанија (Сиднеј, Австралија / Северна Македонија) – Мозаичарка и архитектка со богато изложбено искуство во Северна Македонија и надвор од неа, препознатлива по своите префинети композиции кои ги поврзуваат древните техники со современиот израз.

– Стив Лопес (Сиднеј, Австралија) – Истакнат австралиски сликар со значајна меѓународна изложбена активност, познат по своите експресивни дела создадени на терен, кои ја доловуваат атмосферата на просторот.

– Аница Китаноска (Вевчани, Северна Македонија) – Млада и надежна уметница која добива сѐ поголемо меѓународно внимание со своите дела во сликарството и мозаикот, прикажувајќи ја врската со просторот преку свеж и интуитивен пристап.

– Љубица Мешкова Солаковска (Битола, Северна Македонија) – Сликарка чија употреба на боја и текстура го изразува лирскиот и духовниот карактер на македонскиот пејзаж.

– Ристе Андриевски (Волонгонг, Австралија / Северна Македонија) – Мултидисциплинарен уметник кој работи во областа на фотографијата, истражувајќи ги сеќавањето, идентитетот и слоевитото доживување на пејзажот.

Секој од уметниците презентира дела инспирирани од пејзажите на Охрид и Северна Македонија, толкувани низ сопствена емоционална, културна и материјална призма. Медиумите што ги користат – сликарство, мозаик и фотографија – нудат повеќеслојно доживување на пејзажот, не само како визуелна туку и како сензорна и емотивна појава.Особено значајно е што Јуан Маклеод и Стив Лопес ја посетија С.Македонија во 2024 година, каде што работеа на терен (en plein air), создавајќи слики инспирирани од директното доживување на македонскиот пејзаж. Тие дела го носат моменталниот дух и атмосферата на просторот, почувствувани во реално време.Во својата суштина, Звукот на Пејзажот е колективен израз на поврзаност – помеѓу човекот и местото, помеѓу традицијата и иновацијата, и помеѓу С.Македонија и нејзината поширока уметничка дијаспора, вклучувајќи ги и сѐ подлабоките уметнички врски со Австралија. Изложбата ги поканува гледачите да слушаат зад визуелното – да го почувствуваат емоционалниот одек што одекнува низ секое дело, без разлика дали е насликано, изработено во мозаик или фатено преку објективот. 

Музички-звучен перформанс „Deep Dive: Задлабочено звучно истражување“ вечерва во Куќа на Робевци

Почитувани,

На 29 август во 20:30 часот во Куќата на Робевци, ве покануваме на Музички-звучен перформанс насловен
Deep Dive: Задлабочено звучно истражување (Патување подалеку од мелодијата. Нуркање подалеку од хармонијата. Истражете ги неистражените длабочини на звукот)

Подгответе се за нуркање. „Deep Dive“ не е само концерт; тоа е аудитивно истражување на бездните на звучните можности. Оставете ги вашите очекувања на површината и спуштете се во свет каде што звукот е ослободен од традиционалната форма, станувајќи жив, дишечки ентитет.

Како апстрактна слика што открива нови детали и емоции со секој поглед, овој настап е внимателно изработена таписерија на текстура, боја и сенка. Тоа е еден крај на збунувачка убавина, каде познатите тембри на кларинет, гитара и клавијатурата се трансформираат во нешто сосема ново и надреално. Слоевите на звук ќе се менуваат, судираат и се соединуваат околу вас, создавајќи длабоко вчудовидувачко и медитативно искуство што е и дезориентирачко и длабоко убаво.

Ова е музика не само за слушање, туку за чувствување во резонанцата на коските и тишината помеѓу здивовите. Тоа е истражување на неконвенционалните длабочини каде атмосферата е од најголема важност и секоја нота е четка на широко, одѕвучно платно.

Во изведба на звучната алхемија на:

Васко Дуковски (кларинет): Современ виртуоз кој го проширува гласот на кларинетот од шепотни здивови до мултифонски крици, трансформирајќи го дрвениот дувачки инструмент во проводник на сурова емоција и сложени, свечени текстури.

Сашо Блажес (гитара): Истражувач на жици и кола, кој манипулира со електрични струи и подготовени техники за изградба на сјајни звучни пејзажи, бездни дронови и перкусивни, кристални шеми.

Шуњин Ванг (клавијатури): Архитект на атмосферата, вплеткувајќи густи хармонски полиња, пулсирачки електронски ритамови и етерични пластови од палета на акустиченото пијано, аналогни синсајзери и дигитална обработка.

Заедно, ова трио нуркачи на длабочините на звукот ќе ја води публиката низ континуиран, хипнотички настап што ги замаглува границите помеѓу композиција и импровизација, инструмент и текстура, компонираното и хаотичното.

*Васко Дуковски* е македонски виртуоз на кларинет, композитор и педагог, кој моментално живее и работи во Шангај, Кина. Во моментов е истакнат професор по кларинет на Универзитетот за уметности Нанѓинг, а претходно предавал во глобалната иницијатива „Џулиард“, програмата за музички напредок (Music Advancement Program – MAP) на Џулиард, Музичкото училиште „Арон Копланд“ при Квинс Колеџ (CUNY) и во летниот камп за уметности „Усдан“.

Како динамичен изведувач, композитор и импровизатор, Дуковски е страствен застапник на современата и експерименталната музика. Соработувал со водечки њујоршки ансамбли, како што се International Contemporary Ensemble (ICE), Bang on a Can All-Stars, Talea Ensemble, Wet Ink, Metropolis Ensemble и Грами наградениот Attacca Quartet, како и со оркестри како The Knights, Финикс симфонискиот оркестар и Сучоу симфонискиот оркестар. Неговите виртуозни интерпретации му донеле соработки со luminary-и како Џон Адамс, Хелмут Лахенман, Георг Фридрих Хаас, Џон Кориљано, Ду Јун и преку 300 премиери на нови дела.

Покрај класичната музика, Дуковски ги истражува и џезот, поп-музиката, светската музика и електронските жанрови, настапувајќи со уметници како Џон Батист, Џејкоб Колиер, Гледис Најт, Стив Колман и Марсел Халиф. Како солист, настапувал со New Juilliard Ensemble, Македонската филхармонија и ансамблот LPR — последново во аплаудирана изведба на Концертот за кларинет на Копланд во „Naumburg Bandshell“ во Сентрал Парк.

Неговите композиции ги премостуваат концертните сали и уметничките галерии, со звучни инсталации изложени во Националната галерија на Македонија и на Пенсилванската академија за ликовни уметности (PAFA) во Филаделфија. Неговите дела ги изведуваат ансамбли низ целиот свет, како Metropolis Ensemble и Either/Or, а неодамна добил и поръчки од Вашингтонскиот музички фестивал (Washington Square Music Festival) и меѓународниот фестивал „Нова Докта“ (New Docta).

Како наградуван уметник, Дуковски е прогласен за Истакнат странски експерт (Универзитет за уметности Нанѓинг, 2022) и е признат од Американскиот синдикат на млади музичари за одлична педагогија. Тој е добитник на наградата 40 успешни Македонци под 40 години (Обединета македонска дијаспора, 2015) и има освоено први награди на натпревари, вклучувајќи ги натпреварот за камерна музика „Аријага“, натпреварот за кларинет „Андреас Макрис“ и „Јунес Мјузикалес“ во Букурешт.

Со над 30 албумски снимки за издавачи како Naxos, Deutsche Grammophon и Tzadik, уметноста на Дуковски се протега и во филмовите и игрите, вклучувајќи ја и Темата на Македонија за Civilization VI. Дипломирал на Меѓународната академија за уметност „Интерлохен“ (Interlochen Arts Academy) и Џулиард (каде студирал кај Чарлс Нејдич и Ајако Ошима), а својот музички пат го започнал во Охрид, Македонија, на осумгодишна возраст — градејќи кариера дефинирана со непрекината иновација и мајсторство низ жанрови.

Кинеската композиторка и пијанист Шуњин Ванг е професор по композиција на Средното училиште при Универзитетот за уметности Нанџин и предава Пијано и Музичка теорија во Шангајскиот KMEG – Royal College of Music. Г-ѓа Ванг е дипломиран композитор на Шангајскиот конзерваториум за музика и има магистратура од Менхетн школата за музика во Њујорк. Нејзини професори биле Реико Футинг, Џао Гуанг, Љу Ју, Џу Венпеј, Динг Јинг, Ќанг Веихао, Денг Ербо, Ли Сјуан и Гуо Линг. Дополнително, г-ѓа Ванг учествувала на мастеркласи по композиција кај многу светски познати композитори, како што се Тошио Хосокава, Јехуди Вајнер, Брајан Фернјиху, Клаус Ланг и Франческо Филидеи.

Како композитор, г-ѓа Ванг учествувала на некои од најистакнатите фестивали на современа музика во светот, како што се Etchings Festival во Франција, Darmstadt Festival во Германија и Ostrava Days во Чешка. Г-ѓа Ванг има компонирано дела за ансамблите Load Bang, Either/Or, Sforzando Composers Collective, NU Roolts и други. Нејзините дела се изведувани во САД, Европа и Кина.

Како пијанист, г-ѓа Ванг е страствен изведувач на камерна музика и многу баран камерен пијанист. Настапувала на Beijing New Music Festival, Qingdao International Clarinet Festival, Spring of Shanghai Festival, Tribeca New Music Festival, Mise-En Place во Бруклин, New Asia Chamber Music Society of New York, Tenri Cultural Institute of New York, 2020 Wei Hai Winter Clarinet Festival, 2020 Qiandao Lake Summer Festival, Shanghai’s TRI, 2021 Yinchuan Woodwind Festival, 2023 Wuxi Winter Clarinet Festival, првиот Jiaozhou Chamber Music Festival и на престижната кинеска награда Golden Bell повеќе пати. Г-ѓа Ванг е специјализирана за изведба на репертоар за кларинет и соработувала со бројни светски познати кларинетисти, вклучувајќи ги Чарлс Нејдич, Ајако Ошима, Џоу Сјангуј, Синг Бонан, а редовно настапува и со својот сопруг, виртуозниот кларинетист Васко Дуковски.

Посета на делегација од Министерство за култура и туризам и Германскиот археолошки институт

Нашата установа ја посети делегација од Министерството за култура и туризам, заедно со гости од Римско-германската комисија, предводени од д-р Лукас Вертер од Германскиот археолошки институт – престижна меѓународна научна институција со долгогодишна традиција, која е под надлежност на Федералното министерство за надворешни работи на Германија. За време на посетата, заедно направивме обиколка на некои од позначајните локалитети во градот Охрид.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБА

Почитувани,

Со особена чест ве покануваме на отворањето на самостојната изложба на ликовниот и визуелен уметник Сашо Блажес насловена “Нурни во мене“ во Куќата на Робевци на 01.август во 20 часот.
После самостојните излагања во Париз и Венеција минатата година како и во и Австрија и Италија минатите години, оваа година се претставува со една исклучителна изложба која што дел беше претставена во Музеј на град Скопје а на 01 август ќе биде поставена во Куќата на Робевци во Охрид. Изложбата го носи насловот Нурни во мене’’,а куратор на изложбата е Маја Чанкуловска , виш кустос при Националната Галерија од Скопје.Критички осврт и текст за изложбата имаат напишано Камило Ракана , куратор од Париз и Маја Чанкуловска.

Сашо Блажес е роден во 1980 година во Охрид, каде живее и работи. Дипломирал во 2006-та година на Универзитетот за ликовни уметности во Букурешт, Романија, како еден од најдобрите студенти во својата генерација. За време на магистерските студии (2006-2008) бил вклучен од катедрата за графика во изготвувањето на неколку универзитески трудови од областа на графиката и графичките техники на Универзитетот. Зад себе има реализирано шестнаесет самостојни изложби во Македонија и во странство, а има учествувано на бројни групни изложби во Австрија, Германија, Романија, Шведска, Јапонија, САД, Канада, Италија, Бугарија. Негови дела се наоѓаат во приватни колекции во Норвешка, Франција, Германија ,Романија и Австрија.