Стихови и звуци за Прличев

,,Стихови и звуци за Прличев”- беше еден од повеќето настани кои денес се одржаа на манифестацијата ,,Прличеви Беседи” организирано од Општина Охрид ,во спомен куќата на Григор Прличев. Со музичка интерпретација на песната 1762 лето и читање на наградените стихови на ученици од основното училиште Григор Прличев после неколку години пауза повторно денес се почувствува заживување во куќата.
НУ Завод и Музеј Охрид во знак на благодарност од потомците на лауреатот доби на подарок ретко издание на поемата Скендер Бег напишана од Григор Прличев

Музеј – Охрид во 2021 година со 98.812 домашни и странски посетители

Во текот на 2021 година, музеите и локалитетите на НУ Завод и Музеј – Охрид ги посетиле вкупно 98.812 домашни и странски посетители. Најголем број на посети е забележан во „Музејот на вода“ кај Градиште – 49.643, а на Самуиловата тврдина имало 44.146. Значително помал број на посетители се евидентирани во музејот Куќата на Робевци – 3.642, и во Галеријата на икони – 1.381.

Работна посета на епископ Јован Пакрачки-славонски од Хрватска и претставник на библиотеката во Пакрац Александра Мишиќ

Во работна посета и запознавање на нашата институција Завод и Музеј -Охрид беа епископ Јован Пакрачки-славонски од Хрватска и претставник на библиотеката во Пакрац Александра Мишиќ.

Покрај запознавањето со в.д.директорката Катерина Велкоска и кустосот Калина Кузман Додеска на состанокот им беше презентиран мал дел од збирката на стари ракописи како и се разговараше за обуки на наши стручни лица и идна понатамошна заедничка соработка.

Завршија конзерваторско – реставраторските работи во црквата Св. Богородица Болничка

Завршија конзерваторско – реставраторските работи во црквата Св. Богородица Болничка во стариот дел на градот Охрид која датира од XIV век. Предходни последни интервенции врз фрескосликарството биле во 1959-69 година. Оваа година со конзервација беше опфатено фиксирање и стабилизирање на ранливи делови нападнати од влага на источниот и северниот ѕид која негативно делуваше на основите на живописот. На јужниот ѕид од наосот беа обновени старите конзерваторски малтери, додека на источната и северната фасада беа обновени старите и дотраени фуги од кои навлегуваше дождовна вода.

Со помошници од МПЦ се исчисти и целиот кров на црквата од мов лисја и вегетација.

Проектот е од Годишната програма за работа на НУ Завод и Музеј Охрид, а раководител е м-р Никола Патчев.

Завршија предвидените археолошки истражувања за 2022 година на локалитетот Самуиловата тврдина во Охрид

Завршија предвидените археолошки истражувања за 2022 година на локалитетот Самуиловата тврдина во Охрид. Финансиските средства за реализација на проектот беа обезбедени со програмата за финансирање од буџетот на Република Северна Македонија со наслов: “ Доистражување на просторот од Самуилова Тврдина – Цитадела , изработка на конзерваторски проект и непосредна заштита – конзервација на објекти со цел ревитализација на целиот простор, заради целосна презентација и самоодржување.

Локалитетот Самуилова Тврдина веќе неколку години е истражуван во континуитет.

Со последните истражувања имаме сознанија за хронолошката комплексност на локалитет, а секако и показателите од движен и недвижен карактер укажуваат на развојот на културните хоризонти и неговите етапи.

Во контекст на ова истражени беа околу 150 м² , при што беше откриена архитектура која е дел од поголем комплекс на градби кои припаѓале на доцниот османлиски период, како и фрагменти од керамички садови ; делови од глеѓосани зргафито чинии, луксузни лулиња, монети и други предмети кои го бележат секојдневниот живот на населението кое живеело на овие простори во периодот од доцната антика па се до доцниот османлискиот период. За прв пат беше извршено и фотограметриско снимање на северната и јужната половина од Цитаделата. Раководител на проектот е археолог Анатоли Арнаудовски.

ЧЕНТО – БИОГРАФИЈА НИЗ ФОТОГРАФИЈА

Денеска во просториите на Спомен куќата на Христо Узунов во Охрид беше официјално отворена изложбата „ЧЕНТО – БИОГРАФИЈА НИЗ ФОТОГРАФИЈА“

Изложбата содржи 250 хронолошки подредени фотографии, собрани на едно место, со цел, посетителот, растеретен од читање на долги текстови, да го следи неговиот живот исполнет со голем број на активности, но и фотографии кои ,,зборуваат” за ,,животот на ЧЕНТО после смртта”.

Содржините од изложбата збогатени со кратки информации на 150 настани кои ги дообјаснуваат „замрзнатите” моменти од фотографиите, неколку текстови на авторот и делови од говори, мисли и изјави на ЧЕНТО, како и други „нешта” ја прават истоимената фотомонографија која дополнително беше публикувана, а која го заокружи во целост овој проект за непоколебливата личност со извонредно богата биографија.

Ако една изрека вели: ,,Една фотографија, илјада зборови”, тогаш можете да замислете колку зборови содржат овие фотографии.

Изложбата ја отвори директорката Катерина Велкоска која му се заблагодари на авторот Рубинчо Белчевски и директорот Горан Цветкоски од Завод и Музеј – Прилеп за презентацијата на изложбата потенцира дека меѓуинституционалната соработка е важна за поголема популарност на музејската дејност, му посака понатамошни истражувања и нови изложби.

“Ченто од едно време го посети Христо Узунов ,а охриѓани да ги посетат и двајцата” – рече дир.Катерина Велкоска.

За време на отворањето на изложбата се разви интересна интеракциска дискусија меѓу присутните гости, односно проф. д-р Павле Митрески зеде збор каде што даде свое мислење за изложбата и за значењето на Методија Андонов ЧЕНТО како историски важна личност и раскажа за средбата помеѓу Кузман Јосифовски Питу и Методија Андонов – Ченто. На дискусијата се приклучија и другите присутни, со што оваа изложба го доби вниманието кое го заслужува, бидејќи ликот и делото на Методија Андонов ЧЕНТО се од огромно значење за државата.

Изложбата може да се посети секој работен ден, односно од понеделник до петок од 09:00 до 15:00 часот, а ќе биде достапна за посетители до 30.11.2022 година,во спомен куќата на Христо Узунов кај ресорниот историчар Горан Митрески.

Автор на изложбата и фотомонографијата: Рубинчо Белчески, историчар – кустос советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп.

Aмбасадорката на САД во Македонија Анџела Прајс Агелер беше во црквата Св. Богородица Перивлепта

На денешната посета во Охрид, амбасадорката на САД во Македонија Анџела Прајс Агелер беше во црквата Св. Богородица Перивлепта каде и беше презентирана конзервацијата на архитектурата и фрескосликарството во црквата помогнати од амерички фонд за заштита на културно и историско наследство.

Детското драмско студио при НУЦК Григор Прличев Охрид со кустосот историчар Горан Митрески

Прекрасно и едукативно поминат ден на членовите на Детското драмско студио при НУЦК Григор Прличев Охрид со кустосот историчар Горан Митрески во Спомен куќата на Христо Узунов во Охрид.