07. 12. 2018 – 12. 12. 2018
На 07.12.2018 година во 18 часот Куќата на Уранија-МАНУ и во Куќата на Робевци беше отворена изложбата “По трагите на свети Кирил и Методиј”. На свеченоста , во име на организаторите, Општина Охрид, Амбасадата на Република Словачка во Република Македонија и Словачката Национална Библиотека, се обратија градоначалникот Јован Стојаноски и амбасадорот Хенрик Маркуш. Автор на фотографиите е познатиот меѓународен експерт за надворешна политика, господинот Павол Демеш, кој три години патувал и ги фотографирал најзначајните објекти, поврзани со животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, презентирајќи го патот на трите големи мисии, кај Арабите, кај Хазарите и мисијата во Велика Моравија. Кураторот на изложбата , господинот Стојан Лекоски истакна дека оваа патувачка изложба е преставена за прв пат во Братиславскиот замок, во неколку градови во Европа и САД, како и во Република Македонија. Изложбата ќе трае до 12.12.2018 година.













