24. 07. 2015 – 05. 08. 2015
Во рамки на фестивалот “Охридско лето” беше отворена 60-тата самостојна изложба на познатиот македонски сликар Стефан Хаџи-Николов кој има оставено посебен печат врз уметноста во Република Македонија во последните три децении.
Со неговиот особен талент и со неговиот прекрасен пристап кон уметноста, како и преку неговите изложби се има наметнато како на македонската публика, така и на публиката во околните земји.
Уметникот Хаџи-Николов истакна дека Охрид, за него како уметник значи многу, а доказ за тоа е што и неговата 60-та самостојна изложба ја организира токму овде.
Охрид, после Скопје е град каде што најмногу изложувал. Неговјата прва изложба во Охрид беше во 1988 година. Во 2000 година изложуваше во Куќата на Уранија, во 2009 и во 2015 година во Куќата на Робевци. На сегашната изложба главно се презентирани дела работени во последните неколку години и кои не билее изложувани никогаш во Охрид, а повеќето од нив ниту во која било галерија. Оваа изложба на триесеттината слики работени во техника масло на платно е всушност пресек на неговото повеќедецениско творештво.
Изложба на македонскиот сликар Стефан Хаџи-Николов “Светлина од минатото”во куќата на Робевци





