ЧЕНТО – БИОГРАФИЈА НИЗ ФОТОГРАФИЈА

Денеска во просториите на Спомен куќата на Христо Узунов во Охрид беше официјално отворена изложбата „ЧЕНТО – БИОГРАФИЈА НИЗ ФОТОГРАФИЈА“

Изложбата содржи 250 хронолошки подредени фотографии, собрани на едно место, со цел, посетителот, растеретен од читање на долги текстови, да го следи неговиот живот исполнет со голем број на активности, но и фотографии кои ,,зборуваат” за ,,животот на ЧЕНТО после смртта”.

Содржините од изложбата збогатени со кратки информации на 150 настани кои ги дообјаснуваат „замрзнатите” моменти од фотографиите, неколку текстови на авторот и делови од говори, мисли и изјави на ЧЕНТО, како и други „нешта” ја прават истоимената фотомонографија која дополнително беше публикувана, а која го заокружи во целост овој проект за непоколебливата личност со извонредно богата биографија.

Ако една изрека вели: ,,Една фотографија, илјада зборови”, тогаш можете да замислете колку зборови содржат овие фотографии.

Изложбата ја отвори директорката Катерина Велкоска која му се заблагодари на авторот Рубинчо Белчевски и директорот Горан Цветкоски од Завод и Музеј – Прилеп за презентацијата на изложбата потенцира дека меѓуинституционалната соработка е важна за поголема популарност на музејската дејност, му посака понатамошни истражувања и нови изложби.

“Ченто од едно време го посети Христо Узунов ,а охриѓани да ги посетат и двајцата” – рече дир.Катерина Велкоска.

За време на отворањето на изложбата се разви интересна интеракциска дискусија меѓу присутните гости, односно проф. д-р Павле Митрески зеде збор каде што даде свое мислење за изложбата и за значењето на Методија Андонов ЧЕНТО како историски важна личност и раскажа за средбата помеѓу Кузман Јосифовски Питу и Методија Андонов – Ченто. На дискусијата се приклучија и другите присутни, со што оваа изложба го доби вниманието кое го заслужува, бидејќи ликот и делото на Методија Андонов ЧЕНТО се од огромно значење за државата.

Изложбата може да се посети секој работен ден, односно од понеделник до петок од 09:00 до 15:00 часот, а ќе биде достапна за посетители до 30.11.2022 година,во спомен куќата на Христо Узунов кај ресорниот историчар Горан Митрески.

Автор на изложбата и фотомонографијата: Рубинчо Белчески, историчар – кустос советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп.

Aмбасадорката на САД во Македонија Анџела Прајс Агелер беше во црквата Св. Богородица Перивлепта

На денешната посета во Охрид, амбасадорката на САД во Македонија Анџела Прајс Агелер беше во црквата Св. Богородица Перивлепта каде и беше презентирана конзервацијата на архитектурата и фрескосликарството во црквата помогнати од амерички фонд за заштита на културно и историско наследство.

Детското драмско студио при НУЦК Григор Прличев Охрид со кустосот историчар Горан Митрески

Прекрасно и едукативно поминат ден на членовите на Детското драмско студио при НУЦК Григор Прличев Охрид со кустосот историчар Горан Митрески во Спомен куќата на Христо Узунов во Охрид.

Основното училиште ,,Кочо Рацин” -Охрид во музејските објекти на НУ Завод и Музеј – Охрид

Одлично поминат ден денес 25.10. 2022 на учениците од Основното училиште ,,Кочо Рацин” -Охрид во музејските објекти на НУ Завод и Музеј – Охрид заедно со гостопримливите музејски работници.

Промовирана виртуелната реконструкција на римската гробница од Видобишта

Промовирана виртуелната реконструкција на римската гробница од Видобишта во Охрид денес во дворот на Културниот центар Лапидариум во музејската зграда Куќата на Робевци.

Промоција на виртуелната реконструкција на римската гробница од Видобишта во Охрид

Почитувани,

Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина РЕГИОНАЛЕН ЗЕЛЕН ЦЕНТАР ОХРИД во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид ве поканува на промоција на виртуелната реконструкција на римската гробница од Видобишта во Охрид. Проектот е финансиран со годишната програма врз основа на Одлуката за финансирање на проекти од Програмата за поддршка на локалниот економски развој и туризмот на Општина Охрид за 2022 година. Настанот ќе се одржи на ден 21.10.2022 година (петок) со почеток од 14:00 часот во дворот на Културниот центар Лапидариум во Музејската зграда Куќата на Робевци.

Во прилог ви го претставуваме timelapse видеото од теренските активности при документирањето на гробницата:

Охридска летна архитектонска школа, Јубилејна 10-та сесија

“Одбележувањето јубилеи е пријатно, но и носталгично враќање на времето што поминало…” со овие зборови го започна својот говор д-р Мишко Ралев, Декан на Факултетот за архитектура и дизајн, на завршната сесија од 10-та Јубилејна Охридска летна архитектонска школа, на која беше презентирана публикацијата “Staging Ohrid’s Landscape” (Инсценирање на Охридскиот пејзаж).

Меѓународната летна школа за архитектура се одржува веќе 10 години во Охрид. Истата се организира уште од 2013 година во соработка со Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ – Скопје. На сите сесии од летната школа присуствуваат еминентни дизајн гости и тутори како архитектите: Јошихару Цукамото, Момојо Каиџима од Јапонија, Симон Хартман од Швајцарија, Винко Пенезиќ, Крешимир Рогина од Хрватска, Лах кој е коосновач и партнер на љубљанското студио Енота и Проф. Харалд Трап, шеф на катедра за проектирање на факултетот за архитектура на Ист Лондон Универзитет. На сите досега организирани летни школи учествуваат студенти од цел свет и секоја сесија има соодветна тема. Секоја година се обработува по еден дел од Охрид. Темата на последната летна школа беше “Staging Ohrid’s Landscape” (Инсценирање на Охридскиот пејзаж). НУ Завод и Музеј Охрид има значајна улога во реализација на летната школа, чии резултати и искуства се користат во секојдневното работење на нашата установа.

50-годишнина од Конвенцијата за светско наследство

„Оваа година се одбележува и 50-годишнината од Конвенцијата за светско наследство која беше усвоена на Генералната конференција на УНЕСКО на 16 ноември 1972 година во Париз. Со ратификација од 194 држави членки, Конвенцијата за светско наследство сега е една од најратификуваните меѓународни конвенции во историјата со впишани 1154-те културни и природни добра и локалитети на светското наследство лоцирани во 167 земји ширум светот“.

Ова беше дел од презентацијата во рамките на летната школа, на нашиот колега м-р Горан Патчев, Виш конзерватор, кој се наврати на значењето и улогата на Конвенцијата за светско наследство и нејзина имплементација во Охридскиот регион.

(Охрид 14-16.10 2022 Хотел Пела)

Во посета на црквата Св.Богородица Перивлепта и светски познатата Галерија на икони

Во посета на црквата Св.Богородица Перивлепта и светски познатата Галерија на икони, денес беше македонската амбасадорка во Косово Шпреса Јусуфи

со уште петнаесет нејзини колеги амбасадори од други земји, кои се воодушевуваа на уметничките вредности на византиското фрескосликарство и иконописот.

Историски час, пред учениците на РЦСОО ” Ванчо Питошески” од Охрид.

НУ Завод и Музеј -Охрид, празникот 11-ти Октомври го обележа со одржување на историски час, пред учениците на РЦСОО ” Ванчо Питошески” од Охрид. Предавањето го одржа кустосот -историчар м-р Горан Митрески.

Се конзервира и реставрира фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка

Во Охрид почнаа конзерватоско-реставраторските активности на фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка, што е дел од годишната програма на националната установа Завод и Музеј – Охрид.