09. 08. 2016 – 20. 08. 2016
Во рамките на активностите на Македонската Академија на Науките и Уметностите за одбележување на 1100-годишнината од упокојувањето на Свети Климент Охридски, на 09 август 2016 година, во катералната црква Света Софија во Охрид беше отворена изложба на копии на фрески со ликот на светецот од црквите и манастирите во Македонија и во соседните држави. Изложбата, всушност се состоеше од фреско-копиите што на 24 мај истата година, во организација на НУ Завод и Музеј-Охрид, а по повод традиционалната манифестација “Македонија во чест на Св Кирил”, беше отворена во просториите на Понтификалниот универзитет Урбаниана во Ватикан, надополнета со уште неколку експонати, копии на фрески и фотографии. Истата оваа изложба, нешто порано, беше поставена и во просториите на МАНУ во Скопје.
Изложба “Портретите на Свети Климент Охридски во ликовната уметност во Македонија и соседните земји” во црквата Св. Софија во Охрид



