IN MEMORIAM

Марија Каневче (1970 -2022)

Марија Каневче м-р по етнолошки науки , кустос советник , од јануари 1993 година вработена во НУ Завод и Музеј – Охрид.

Поминаа 40 дена без нашата драга колешка Марија, без нејзината широка и топла насмевка , без нејзиниот ведар и секогаш позитивен глас.

Сега е во светло место, без болка, во рајот зошто таа е една ретка душа што го заслужува тоа.

Бројни и значајни беа нејзините теренски истражувања за презентација на семејните обичаи, етничките карактеристики на македонците, селските слави во охридско – струшкиот регион, Преспа и целото крајбрежје на Охридското Езеро.

Нејзината посветеност во музејската дејност остави најголем печат со презентација на етнолошкото културно наследство со реализирани околу 20 – тина изложби со различна тематика.

Дел од нејзините изложби се : Средства за ловење риба во Охридското езеро, Охридска староградска куќа , Автохроми од колекцијата на Музејот на Алберт Кан, Велигденски јајца, кошули покривала за глава , везови, градска облека , чорапи и скутини, облека и клашна, Рачната работа се губи , но во музејот останува, ,,Софрата” во охридските килими и најголем учество во постојаната поставка во Музејот на куќата на Робевци.

Целата нејзина активност е објавена во многу стручни зборници и списанија како во Етнолог пишувано е за средствата за ловење риба во Охридското Езеро, Традиционалните јадења од риба во Охрид и Охридските крајбрежни села, во Македонски фолклор пишувано е за Верувања и разлики во некои зимски празнувања меѓу Охрид и Дебрца, во зборникот Етнологија за Традиционалното фурнаџиство во Охрид и Струга. Учествува на симпозиуми во Киев со Шаренилото на охридските килими, во Штип со Историја на риболовот во Охридско – преспанскиот регион, во Хрватско Загорје учествува со тема Старите обичаи и обновените рибарски празнувања.

Ние колегите од НУ Завод и Музеј ќе ја паметиме Марија Каневче како одличен работник и добар пријател да навистина остави зад себе бројни изложби и творештво но остави уште поголема празнина меѓу нас.

+3

All reactions:

96