Согласно одобрената Годишна програма од страна на Министерството за култура и туризам, за тековно одржување на објекти кои се под наша надлежност се превзедоа одредени зафати за санирање на објектот „Меморијална куќа на Григор Прличев “. Во тие активности во текот на октомври 2024 година, се санираа ѕидните платна од јужната страна и плафонот во приземјето како и одредени интервенции на увалите на кровот, чистење на олуци како и промена на искршени ќерамиди и заливање на слеменици и грбини
Во склоп на овогодишната програма за финансирање проекти од областа на културата од страна на Министерството за Култура и Туризам, во тек се истражувањата на Самуиловата Тврдина под раководство на археолог Анатоли Арнаудоски, виш кустос.
Оваа година во тимот беа вклучени студенти од Универзитетот Гете од Франкфурт како и факултетот Саумптентон од Обидинетото Кралство.
Фокусот беше ставен на новооткриената некропола од 12 век, фамилијарната доцноантичка гробница како и анализата на фрагменти мозаик пропратени со архитектонски градби во Јужниот дел од цитаделата.
Најавено е проширување на тимот со уште повеќе студенти од гореспоменатите Универзитети како и интензивирње на подршката од страна на Министерството за доистражување на овој значаен локалитет.
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид и Словачкиот Музеј од Ухерске Храдиште (Република Чешка) slovackemuzeum.cz.
НУ Заводот за заштита на спомениците на културата и Mузеј – Охрид, ја препозна важноста на меѓународната соработка во заштита и презентација на културното наследство, како и одговорноста за зачувување и промоција на културните вредности и верува дека меѓусебната соработка со Словачкиот Музеј во Ухерске Храдиште, ќе придонесе за развој на професионалните активности и размена на искуства и знаења помеѓу двете институции.
Во рамките на овој Меморандум, двете страни изразуваат поддршка за подготовка и поднесување заеднички иницијативи. Целта на овој Меморандум е да се воспостави рамка за соработка помеѓу Словачкиот Музеј и Заводот за заштита на спомениците на културата и Mузеј – Охрид во областа на заштитата на културното наследство, образованието и професионалните размени. Двете страни се обврзуваат да соработуваат при организирање проекти, изложби, едукативни активности и други иницијативи кои придонесуваат за зачувување и промоција на културното наследство.
Заедничко учество во програмата Еразмус+, која вклучува мобилност на кадрите кои се фокусирани на стекнување нови вештини и размена на најдобри практики на полето на музеологијата на професионалните работни места со т.н. „job-shadowing“.
Двете институции ќе поддржат програми за размена на стручен кадар, вклучително и практиканти фокусирани на стекнување експертиза во заштитата на културното наследство, музејската работа и менаџментот во заштитата на културното наследство.
Исто така и двете институции ќе соработуваат во развојот на образовни програми насочени кон зачувување на културното наследство, особено за младите професионалци и пошироката јавност.
Заеднички ќе организираат изложби и други културни настани кои го промовираат културното наследство на двете земји
Деновиве бевме домаќини на колеги од Словачкиот Музеј во Ухерске Храдиште, кои покрај професионалната соработка, се запознаа со богатото културно наследство на Охрид и регионот.https://www.facebook.com/slovackemuzeum
По повод државниот празник8 септември – Денот на независноста на Македонија, (недела), НУ Завод и Музеј Охрид се приклучува со своја програма. По повод 32 години од независноста под слоган 8-ми Септември – Гласник на слободата, музеите, локалитетите и галериите ќе бидат отворени за сите граѓани без надоместок. Имено нашите музејски објекти Куќата на Робевци, Галеријата на Икони, Самоилова Тврдина и Залив на Коските ќе бидат отворени без надоместок за сите граѓани. Истовремено на 8-ми септември (недела) во 18 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена самостојна изложба од авторот Боро Митрески Минта со наслов “33 ХРИСТОС ЖИВОТ ЗА СПАС НА ЧОВЕШТВОТО”, во која се изработени 33 сребрени микроекспонати (годините на Христос), во периодот од 08.09.2024 година до 14.09.2024 година.
Нашата установа, потпиша Меморандум за соработка со Средното општинско стручно училиште “Св.Кирил и Методиј”-Охрид, со кој се дефинираат рамките на соработка во заедничкиот интерес, заради олеснување и охрабрување на образовната, практичната и техничката соработка за учениците од економско,правната и трговска струка. Со професорот Горан Попоски инаку координатор на практичната настава во СОСУ Св.Кирил и Методиј се разгледуваа различните теми на имплементација на соработката а во однос на Дуалната настава,во текот на целата учебна година,феријалната пракса во текот на летните месеци итн. како образовен модел што комбинира теоретско знаење со практично искуство кај учениците во ова стручно училиште. Овој метод обично вклучува учење во училиште, каде што учениците ги изучуваат теоретските аспекти на својот предмет, и во нашата установа во работна средина, каде што добиваат практично искуство со нашите колеги. Целта на дуалната настава како и останатите форми на практична настава е да се подготват учениците за реалниот свет на работа, овозможувајќи им да го применат она што го учат и да развиваат вештини што се потребни на пазарот на трудот а истовремено ќе се запознаат со проблемите во управувањето со културното наследство на Охридскиот регион. Овој модел е особено популарен во техничките и професионалните програми.
Се надевам дека во нашата установа учениците ќе го пронајдат својот интерес за нивната идна професија.
На мала свеченост во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј- Охрид, беа доделени пригодни благодарници на колеги кои остварија услов за добивање на јубилејна награда „10 години непрекината работа“ во нашата установа, а согласно Одлука донесена на седница на Управниот одбор на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј- Охрид, за утврдување и исплата на јубилејна награда на работници за непрекината работа кај ист работодавач.
Во Музеј на вода – наколна населба „Заливот на Коските“ се оствари средба на в.д. Директорот м-р Горан Патчев со делегација од Швајцарската амбасада на чело со Заменик шеф на мисијата и Вршител на должност г-ѓа Михал Харари на која средба се презентираше познатиот архeолошки локалитет со потенцирање на претходните соработки со Универзитетот во Берн тогашните истражувања и резултати како и идните планови за соработка. На средбата од страна на Швајцарската делагација беа присутни и: г-ѓа Анета Дамјановска, Национален програмски офицер при Амбасадата на Швајцарија, Горан Дамовски, Директор на Швајцарската Програмата за зголемување на пазарна вработливост (www.ime.org.mk), Тања Георгиевска, Заменик Директор на Програмата за зголемување на пазарна вработливост (IME), Зоран Тодоровски, експерт за туризам на Програмата за зголемување на пазарна вработливост (IME) и Генералниот менаџер на Фибула Травел, Асим Меџедовиќ. Разговор се водеше и со Милутин Секулоски -Мичо од нуркачкиот центар Амфора од Охрид за локалитетот Плоча Миќов град, со кои и претходно се остваруваа соработки преку Швајцарската амбасада а во однос на нуркачки активности и подводната археологија. Низ прошетката на целиот комплекс не воведе со прекрасна презентација кустос м-р археолог Христијан Петровски.
Ве информираме дека отпочнавме со реализација на проектот со наслов: „Јакнење на капацитетите за управување со културното наследство на Oхридскиот Регион: Обука за развој на бази на податоци и ГИС-платформа за недвижно културно наследство за Заводот и музеј –Охрид“. https://whc.unesco.org/en/intassistance/3274
Проектот го реализира НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид и е со вкупен износ од 55 илјади американски долари, и има цел да ги надгради знаењата и способноста на стручните лица во Заводот и музеј – Охрид во однос на ГИС-вештините со помош од меѓународни експерти и во соработка со експерти вклучени во развојот на ГИС платформа од наша и од Албанска страна. Проектот опфаќа разни активности, како што се: Разгледување на постоечката документација и спроведување на теренска проверка на моменталната состојба на културното наследство врз основа на список на регистрирани локалитети на културното и археолошко наследство во Охридскиот регион и документирање со фотографии и GPS лоцирање. Дигитализирање на документацијата со стандардизирана процедура за евиденција на културното наследство што треба да се воспостави во рамките на проектот, а која ќе трба да биде компатибилна со системите кои се веќе воспоставени во нашата установа со системот на националниот електронски регистер но и со европските стандарди;
Следен чекор ќе биде, соработката со експерти вклучени во развојот на национална ГИС платформа за археолошки и архитектонски споменици во Албанија и со релевантните општини во Албанија со цел зајакнување на прекуграничната соработка за специфичните потреби на регионот на Охридското Езеро.
За таа цел склучивме меморандум за соработка со „Културно наследство без граници – Албанија„ (CHwB Albania), со кои заедно ќе спроведеме обука за вработените во НУ Завод и Музеј-Охрид како и за други учесници кои сакаат да учествуваат на „Регионален Реставраторски Камп“ (RRC), организиран на двете локации последователно, од 10 до 22 септември, за евиденција, инвентаризација, дигитализација и користење на ГИС платформата за недвижно културно наследство со цел. да се постави работен план кој обезбедува негово долгорочно одржување и редовно ажурирање. Резултатите од кампот ќе бидат подлога за создавање на ГИС платформа за недвижното културно наследство и археолошките локалитети од Охридскиот регион со што ќе се обезбеди ГИС базата на податоци која ќе може да ја користи и пошироката јавност а ќе се потхранува со податоци за недвижното културно наследство и заштитените археолошки локалитети собрани и документирани во текот на проектот;
На крај резултатите од проектот и ГИС платформата, ќе се претстават до Комисијата за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион и Заедничкиот комитет за управување со прекуграничното светско наследство „Охридско Езеро“.
Предвидено е проектот да трае 2 години (2023 – 2024) а го реализира нашиот колега м-р Горан Патчев, Виш конзерватор
Апликација за учество на кампот можете да најдете во следниов линк:
Античкиот театар е културниот бренд на градот Охрид. После две децении од повторното ставање во функција на овој локалитет НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј – Охрид изврши комплетна промена на дрвената конструкција со нова безбедна и функционална за бројните посетители.
Климе Садило е роден 1881 година во Охрид. Од млада возраст се занимавал со чалгискиот занает. Најпрвин свирел со татко му, а од 1906 година ја оформил својата тајфа „Такамот на Садиловци“, подоцна преименувана во „Охридски трубадури“. Припаѓа на втората, а според некои истражувачи на третата генерација охридски чалгаџии. Во неговата тајфа свиреле: Наум Курте, Паско Пепелко, Кирил Кузманов, Ѓоре Чочег, Димко Карче, Мехмет Утчи. Климе Садило ја купил виолината од семејството Лозанчеви од Битола во 1913 година каде го изучувал чалгискиот занает и на неа свирел до крајот на својот живот. Го познавал нотното писмо, свирел со лева рака, во стил со продорен, некогаш не толку чист, но и мекамлиски тон. Чалгискиот занает му бил единственото занимање со кое го издржувал своето семејство. Со тајфата настапувале во Охрид, Ресен, Кичево, Струга, Дебар, но и надвор од Македонија – Србија, Албанија, Бугарија. Не можел да се замисли некој настан во градот, а да не се викне Такамот на Садиловци. Свиреле на свадби, крштевки, сунети, големи празници, панаѓури. Во репертоарот имале македонски, српски, турски, бугарски, албански и влашки песни. Климе Садило е автор на песни и ора како : „Собарско оро“, „Излези на пенџере Рисавѓи“ и други. Снимиле лонг плеј плоча во Америка на Бродвеј, а исто така снимиле плочи и за дискографската куќа „Југотон„ од Загреб. Во песните што ги изведувале се пеело за старите охридски семејства, правилата и нормите на живеење, традицијата и обичаите, за забранетата љубов, неостварената љубов, како и за идеалите на народот на овие простори и борбата за слобода.
Виолината според неофицијални проценки е изработена во Германија околу 1880 година. Таа е во добра состојба и е изложена во Музеј Куќа на Робевци во рамки на постојаната етнолошка поставка каде е презентирана градската култура преку стилски мебел, накит и градска облека ала турка и ала франга. Тука може да се слушнат и оригинални аудио снимки од песните на „Охридските трубадури“.
Проектот „Откуп на етнолошки предмет – виолината од Климе Садило познатиот охридски трубадур“ беше комплетно финансиски поддржан од Министерството за култура во рамки на Годишната програма со проекти од национален интерес. Благодарност до правнукот на Климе Садило Дарко Заричиноски за соработката и отстапувањето на експонатот.
Со реализација на овој проект покрај тоа што е исполнета последната желба на Климе Садило – виолината да остане во Охрид, се презентира еден многу важен дел од духовната култура на Охрид – трубадурската песна со долговековна традиција на овие простори.
Раководител на проектот беше Оливера Мишева, Виш кустос етнолог при НУ Завод и Музеј – Охрид