Работната посета на амбасадорот на Јапонија

Стручните лица од НУ Завод и Музеј-Охрид беа домаќини на работната посета на амбасадорот на Јапонија, неговата екселенција Савада Хиронари и неговата сопруга, кои заедно со министерката за култура, д-р Ирена Стефоска ги посетија Галеријата на Икони, црквата Св. Богородица Перивлепта, Античкиот театар и Музејот Куќа на Робевци каде што се запознаа со дел од богатото културно-историско наследство на градот.

Работната посета на амбасадорот на Јапонија

Изложба „Сто години од Требенишката некропола”

По завршувањето на ексклузивната меѓународна изложба „Сто години од Требенишката некропола”, која успешно беше претставена пред јавноста во Археолошкиот Музеј на Република Северна Македонија, каде учество со свои артефакти имаа и Народниот Музеј од Белград и НАИМ при БАН од Софија, ритуалната златна маска и рака, како и сите прилози од гроб 132 од локалитетот Горна Порта во Охрид, од денес повторно се изложени во „Златната соба“ во Музејот Куќа на Робевци.

Сите заинтересирани може да ги погледнат стотиците археолошки и етнолошки артефакти кои се изложени во Куќата на Робевци во периодот од вторник до недела од 09:00 – 20:00 часот.

Изложба „Сто години од Требенишката некропола”

Работна посета на Флора Карајани, директорка на Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици и Мариа Мерџани, директорка на Управата за конзервација на антички и современи споменици од Република Грција

На 03. 04. 2021, во работна посета на Охрид и нашата институција престојуваа Флора Карајани, директорка на Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици и Мариа Мерџани, директорка на Управата за конзервација на антички и современи споменици од Република Грција.

Гостите имаа можност да ја посетат светски познатата Галерија на икони и црквите Св. Богородица Перивлепта и катедралата Св. Софија. Притоа, во меѓусебните разговори им беа презентирани актуелните програмски активности на институцијата, како и дел од активностите во минатото, особено на полето на конзервацијата, при што посебен акцент беше ставен на конзервацијата на иконите, како и неодамнешната конзервација на архитектурата и живописот на црквата Св. Богородица Перивлепта. При посетата на Св. Софија, гостите беа запознаени со нејзината важност како вековно седиште на Охридските архиепископи, обемните конзерваторски работи, изведени од екипа на меѓународни експерти во почетокот на педесеттите години на минатиот век и потребата од изведување на слични такви конзерваторски зафати во најскоро време, за што од нивна страна беше изразена подготвеност за конкретна соработка, особено во областа на конзервација и реставрација на византиското наследство, обука на стручни кадри за заштита и секаков друг вид соработка.

Илуминација на Самоиловата тврдина

Со илуминација на Самоиловата тврдина, НУ Завод и Мизеј-Охрид во соработка со здружението ” Живот со предизвици” (Gordana Loleska) се приклучи кон глобалниот повик на ЕУРОРДИС (EURORDIS- Europian Rare Diseases Organisation) за осветлување на локални и национални згради и споменици и отпочнување на националната кампања ” Ги запознаваме ретките болести 2021″.

#RareDiseaseDay

#EURORDIS

#rearismany

#rearisstrong

#rearisproud

@reardiseaseday

Ги запознаваме ретките болести 2021

Од утре 01- ви Февруари, НУ Завод и Музеј- Охрид ќе се придружи на националната кампања ” Ги запознаваме ретките болести 2021″ по повод светскиот ден на ретки болести 28 Февруари, заедно со Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици”(Gordana Loleska)

Светскиот Ден на ретки болести –

28 Февруари, е годишен настан за подигнување на јавната свест во однос на ретките болест и влијанието кое тие го имаат на квалитетот на животот на пациентите, како и нивните права и потреби.

Во знак на подршка на пациентите со ретки болести и нивните семејства , но и како знак за подигнување на јавната свест, Самииловата тврдина ке биде осветлена цел месец Февруари.

#RareDiseaseDay

Ретки сме !💚 Силни сме! 💜 Горди сме!💙