НУ Завод и Музеј -Охрид, празникот 11-ти Октомври го обележа со одржување на историски час, пред учениците на РЦСОО ” Ванчо Питошески” од Охрид. Предавањето го одржа кустосот -историчар м-р Горан Митрески.






Во Охрид почнаа конзерватоско-реставраторските активности на фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка, што е дел од годишната програма на националната установа Завод и Музеј – Охрид.

Започна конзервацијата и реставрацијата на фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка во Охрид која датира од четиринаесеттиот век. Првичниот фрескоживопис се смета дека е насликан околу илјада триста седумдесетта година, меѓутоа црквата претрпела измени низ вековите во однос на архитектурата и фрескосликарството.

Почитувани,
во интерес на домашната публика и желбата за поголема посетеност на музеите и галериите Ве известуваме дека влезот ќе биде бесплатен секој прв ден во месецот, почнувајќи од 1 (први) ноември 2022 год. заклучно со 1(први) април 2023 год.
Објекти за посета се:
Музеј Куќата на Робевци
Самуилова тврдина
Музеј на вода – Градиште
Галерија на икони
Стариот дел на Охрид или антички Линхидос бил остров во периодот од доцното бронзено време до доаѓањето на Римјаните. Тоа го покажуваат геолошките и археолошките истражувања направени во рамки на петгодишниот проект „Погранични студии, истражувања на идентитетите и културните контакти во пограничниот регион на Античка Македонија“.

Почитувани,
Сабота на 24.09 2022 од 11:00 до 13:00 часот во просторот на Неолитскиот локалитет Заливот на коските , Охрид ќе се одржи презентација на проектот Керамикум во мермер од ликовниот уметник Емил Солески.
Овој мултимедијален проект ја има во фокус куќата-ЖЕЛБЕНИК како трансцедентен објект на субјективното доживување.
Во рамките на проектот ќе се презентира филмот Желбеници и ќе се одржи изложба.
Филм „ЖЕЛБЕНИЦИ“ е визуелна прошетка во неолитските локалитети, Врбјанска чука, Залив на коските, Велушка тумба, Церје, Барутница, дополнета со инсценирана уметничка инсталација и музика.
Изложбата ќе содржи вкупно 28 желбеници. Пет групи по пет „желбеници“, кои инсценираат неолитски села, ќе бидат поставени кружно околу група од три желбеници што симболизираат земја, вода, сонце.
,,Желбениците, се создавани во едно време, невреме, кога почнав да фантазирам за едно време, а можеби и невреме, можеби, велам оти е изгубена од хоризонтот, но никако изгубена од видокругот на археолозите. Керамикум…Неолит…Младо камено време, време на куќата како место во кое се концентрира и генерира нуклеусот на едно семејство и претставува центар во кој се дефинираат бројни вредности, тенденции и принципи“, вели Емил Солески.



Денес 8 – ми Септември, денот на независноста, голем број задоволни гости го искористија за бесплатната посета на локалитетите, галериите и музеите. Нека ова биде потик за понатамошни посети и во останатите денови од вторник до недела и можноста за запознавање со богатото македонско културно наследство. Честит празник !






Завршија овогодинешните археолошки доистражувања на локалитетот Плаошник ,со кои се истражи просторот на доцноантичкиот плоштад кој е работен од камени плочи и мозаик во техника opus segmentatum.
Истражувањата ги водеше Бојан Танески, виш кустос археолог од Завод и Музеј Охрид


Марија Каневче (1970 -2022)
Марија Каневче м-р по етнолошки науки , кустос советник , од јануари 1993 година вработена во НУ Завод и Музеј – Охрид.
Поминаа 40 дена без нашата драга колешка Марија, без нејзината широка и топла насмевка , без нејзиниот ведар и секогаш позитивен глас.
Сега е во светло место, без болка, во рајот зошто таа е една ретка душа што го заслужува тоа.
Бројни и значајни беа нејзините теренски истражувања за презентација на семејните обичаи, етничките карактеристики на македонците, селските слави во охридско – струшкиот регион, Преспа и целото крајбрежје на Охридското Езеро.
Нејзината посветеност во музејската дејност остави најголем печат со презентација на етнолошкото културно наследство со реализирани околу 20 – тина изложби со различна тематика.
Дел од нејзините изложби се : Средства за ловење риба во Охридското езеро, Охридска староградска куќа , Автохроми од колекцијата на Музејот на Алберт Кан, Велигденски јајца, кошули покривала за глава , везови, градска облека , чорапи и скутини, облека и клашна, Рачната работа се губи , но во музејот останува, ,,Софрата” во охридските килими и најголем учество во постојаната поставка во Музејот на куќата на Робевци.
Целата нејзина активност е објавена во многу стручни зборници и списанија како во Етнолог пишувано е за средствата за ловење риба во Охридското Езеро, Традиционалните јадења од риба во Охрид и Охридските крајбрежни села, во Македонски фолклор пишувано е за Верувања и разлики во некои зимски празнувања меѓу Охрид и Дебрца, во зборникот Етнологија за Традиционалното фурнаџиство во Охрид и Струга. Учествува на симпозиуми во Киев со Шаренилото на охридските килими, во Штип со Историја на риболовот во Охридско – преспанскиот регион, во Хрватско Загорје учествува со тема Старите обичаи и обновените рибарски празнувања.
Ние колегите од НУ Завод и Музеј ќе ја паметиме Марија Каневче како одличен работник и добар пријател да навистина остави зад себе бројни изложби и творештво но остави уште поголема празнина меѓу нас.





All reactions:
96
Во посета на Ќуќата на Робевци беше Шарл Мишел- претседател на Европскиот Совет, Дејвид Гир – амбасадор на Европската унија во РС Македонија заедно со македонскиот заменик на Претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ. Гостите имаа чест да ја видат охридската староградска архитектура и значајните Охридски резби во Ширванот на куќата.