Категорија: Настани
300 години Саат кулата во Охрид – Симбол на времето и културното наследство
Од изложбата “Малесија низ старите фотографии”, автор Љупчо Паункоски
Посета на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на Галеријата на икони.
„Од слово до вечност“
Изложба на калиграфија и детска работилница во Куќата на Робевци
Советување на тема „Музеите што го обединуваат поделениот свет“
Здружението Македонски национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) во рамките на своите активности по повод одбележувањето на 18 Мај-Меѓународниот ден на музеите, и оваа година го одржа традиционалното годишно Советување на тема „Музеите што го обединуваат поделениот свет“, каде и нашата установа со директорот м-р Горан Патчев зеде учество со своја презентација под наслов “Културното наслество како симбиоза на словенските народи” каде се претставија искуствата со Форумот на словенски култури, организација која ги обединува сите словенски земји кои делат слични културни активности а по повод добиената престижната награда Жива 2025 (Best Slavic Heritage Site)– Најдобар локалитет на словенското наследство. На советувањето се претставија и други музеи со свои презентации а беа доделени и награди и благодарници. (Музеј на Македонија Скопје 21 мај 2026).







Изложба XXII БИМАС 2025
На 9 мај 2026 година во 19 часот, се отвори изложбата XXII БИМАС_2025, по иницијатива на Асоцијацијата на Архитекти на Македонија (ААМ) со претседателот Валентино Константиновски и членот на Управен одбор na AAM Методи Хаџи Андов, со пригодни обраќања на директорот на НУ Завод и Музеј Охрид м-р Горан Патчев и Ива Петрунова член на Управниот одбор на ААМ. Се работи за поставка од педесетина паноа од архитектонски трудови од минатогодинешниот XXII БИМАС_2025, како патувачка изложба на проекти, изведени градби, ентериери и конкурсни решенија во изложбениот простор на Куќата на Робевци. Изложбата ќе биде поставена до 20 мај 2026 година.
















Генералка викенд 2026
НУ Завод и Музеј Охрид, доброволно се вклучи во најголемата национална еколошка акција во државата со наслов „Генералка викенд 2026“ на 8 мај 2026 година (петок) со нашите вработени во локалитетите и дворовите на спомен куќите и музеи со заедничко чистење на отпад и уредување на отворените простори.








Средба со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот г. Георгиј – Дебарско-кичевска епархија
На 05.05.2026 година во НУ Завод и Музеј – Охрид имавме чест да го пречекаме Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, г. Георгиј.. На средбата се разговараше за проектите од Годишната програма на Министерството за култура и туризам за 2026 година, кои треба да се реализираат со согласност и поддршка од Дебарско-кичевската епархија, како и за други прашања и предизвици поврзани со заштитата на сакралното културно наследство во Охридскиот регион. Посебен акцент беше ставен на нивната состојба, потребата од соодветни интервенции, како и нивната промоција пред пошироката јавност.
Изразуваме благодарност за укажаната чест и покажаниот интерес за нашата посветена работа, со надеж за плодна идна соработка.






