”Остров на осаменост” од авторите Мирко Вујисиќ, Лидија Вујисиќ и Сашо Блажес

Почитувани,

Ве известуваме дека на 05.08.2022 година (петок) во 20 часот, во галеријата во Куќата на Робевци, ќе биде отворена изложбата на цртежи насловена” Остров на осаменост” од авторите Мирко Вујисиќ, Лидија Вујисиќ и Сашо Блажес. На изложбата ќе бидат изложени околу 40 -тина дела изработени во различни цртачки техники и медиуми,

Изложбата ‘’Остров на осаменост’’ си зема задача да ја отвори креативната лабораторија на цртежот кој неретко, од страна на современите текови во уметноста е сметан за конзервативен медиум, резистентен на иновативни идеи и екстензии, анализирајќи ја границата помеѓу реалноста и фикцијата, граница која се искусува во самите нас денес. Земајќи го цртежот како концептуален базичен инструмент за истражување во непознати зони или за редефинирање на еден визуелен универзум, изложбата просторно отсликува една состојба на контрасти помеѓу ред и неред, несигурност и смиреност, мир и немир.Учесниците репрезентираат една посебна дирекција во поглед на визуелната креација, секој од нив држејќи ги под притисок границите помеѓу видливото и невидливото, цртеж-сцена,цртеж-печат, цртеж-релјеф, цртеж-колаж, варијации со кои се поместени границите на една нова реалност.

Изложба на слики од авторот Башки Меџити

Почитувани,

Ве известуваме дека на 15.07.2022 година (петок) во 20 часот, во галеријата во Куќата на Робевци, ќе биде отворена самостојната изложба на слики од авторот Башки Меџити. Ќе бидат изложени 20тина дела работени во последната година во техника акрил на платно .

Башким Меџити е роденна 16 јули 1965 година во Гостивар. По завршувањето на средно образование ,,ЦСНО Злате Малакоски – Гостивар 1984/85, во 1986година се запишува на ФакултетзаЛиковна уметноствоПриштина, одсек сликарство во класата на проф. Тахир Емрес, каде што дипломирал во 1991 година. На истиот Универзитет, во 1998 година успешно ги завршува постдипломските студии и се здобил со звање: Магистер по сликарство.

САМОСТОЈНИ ИЗЛОЖБИ:

2021 – Центар за култура ,, ТрајкоПрокопиев ,, Куманово

2021 – Национална галерија ,, Мала станица ,,, Скопје

2019 година – Галерија Прима центар, Берлин – Германија

2019 година – Gallery MC, Њујорк, САД

2018 – Fellbach-HausSuharekë – Р. наКосово

2018 – Гултивар ,, Култ ’’ Гостивар

2017 – “КИЦ” – Скопје

2017 година – „Културен центар на Република Македонија, Софија – Р Бугарија

2015 – Gallery MC, Њујорк, САД

2009 – Gallery MC, Њујорк, САД

2008 – Отвореностудио, La Cite des Arts, Париз

2008 – Национална галерија на Македонија – ЧифтеАмам, Скопје

2007 – Њујорк, „Културен центар на РепубликаМакедонија

2006 – Центар „Лоја“ Тетово

2005 – “КИЦ” Скопје

2004 – Центар за култура Гостивар

2003 – „ВиаИгнатија“ Гостивар

2002 – К.Галерија, „ла Мираж“ Гостивар

2001 – „Долче Вита“ Гостивар

1998 – „Европа галерија“ Гостивар

Изложба В/РЕДНОСТИ И ВРЕДНОСТИ

Вчеравечер 07.07 2022 година во Музејот на Народната банка на Република Северна Македонија беше отворена изложбата В/РЕДНОСТИ И ВРЕДНОСТИ, по повод одбележувањето на 30 години од монетарното осамостојување во државата.

Меѓу големото богато културно наследство што е предлошка за дизајнот на македонските банкноти беа изложени и оригинални предмети од збирките на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид : Торзо на божицата Изида, Погребна златна маска, златни обетки, иконата Богородица Епискепсис, сад за евхаристија во форма на гулабица.

Изложбата Половина век современа карикатура на Блаже Докуле

Почитувани,

изложбата Половина век современа карикатура на Блаже Докуле, која беше отворена на 17.-ти јуни, во Куќата на Робевци, можете да ја погледнете наредните денови , освен понеделник а заклучно со четврток. Влезот за изложбата е бесплатен!

работно време 09 :00 – 20:00 часот

Изложба ПОЛОВИНА ВЕК СОВРЕМЕНА КАРИКАТУРА од авторот Блаже Докуле

Почитувани,

Ве известуваме дека на 17.06.2022 година (петок) во 20 часот, во галеријата во Куќата на Робевци, ќе биде отворена јубилејната изложба ПОЛОВИНА ВЕК СОВРЕМЕНА КАРИКАТУРА од авторот Блаже Докуле.

Блаже Докуле роден во 1953 година , дипломирал право во Битола. Црта непрекинато од 1971 година , негови карикатури се појавуваат во голем број публикации, како ,,ЕКРАН “ , ,,ОСТЕН “ , ,, НОВА МАКЕДОНИЈА “ , ,, БИТОЛСКИ ВЕСНИК “ , ,,СТУДЕНТСКИ ЗБОР “ , ,,ВРЕМЕ “ , ,,ЈЕЖ “ , ,,ОСМЕХ “ , ,, НОВОСТИ 8 “ , ,, МАСЕДОНИЈА ЊУС “ , ,, БЕЗ НАВРЕДА “ , ,, ТЕА КРСТОЗБОР “ , ,, СЛОБОДЕН ПЕЧАТ “ , ,, РЕПУБЛИКА “ , ,, БОРБА “ , ,,ТРУДБЕНИК “ , ,, К ОМУНИСТ “ и многу други. Припаѓа на третата генерација македонски карикатуристи која се појавува околу 1970 година, генерација со силен нов бран во светот на домашната и светската карикатура. Најнапред црта под влијани на француските мајстори на еротска карикатура Ласлави и Ховив , потоа силен впечаток му оставаат Борн, Барток и Забрански, а ги почитува и домачните автори Костовски , Анѓелкоски, Бороевиќ, Пејчинов, Игњат, Џајков, Филипов Јоциќ и неговиот наставник од основно училиште Петровски . Црта класична карикатура со особен свој стил како и стилизиран и ,, чист “ кроки стил на Волински и Рајзер . Блаже Докуле отворил три самостојни изложби во Книн 1980 година Битола 1999 година и во Струмица 2001 година. Добитник е на над 50 меѓународни и домашни награди од Кореја, Русија, Турција , Романија, Словачка меѓу нив и 4- ти Ноември – Битола и В. П. Цицо за животно дело како и ,, Гран при “ златени, сребрени и бронзени плакети. Наградуван е и за новинарство стрипови и хумуристични текстови . Блаже Докуле е најпечатениот автор во македонската карикатура веќе 50 години со непрекината работа.

Изложба ,,Интимно Понирање,, од авторот Трајче Чатмов

Почитувани,

Ве известуваме дека на 01.07.2022 година (петок) во 20 часот, во галеријата во Куќата на Робевци, ќе биде отворена самостојната изложба ,,Интимно Понирање,,од авторот Трајче Чатмов. Ќе бидат изложени 20тина дела работени во последната година во техника акрил на платно . Слики кои досега не биле изложени и кои се продолжување на циклусот ,,Интимно Понирање,, но и слики со една нова колористична гама . За неговиот последен циклус на дела професорот Гоце Наневски ќе каже :

Дали закопувањето на контаминирана земја со цезиум во земјена дупка, е чин со кој ја спасуваш останатата земја и се на неа? Дали ако носиш парче од некое свое дело во џебот го носиш и целото дело? Дали ако си говориш себе си на некој неразбирлив јазик, е разговор со самиот себe? Дали возењето со ист автомобил во кој се возел друг човек значи дека си се возел со истиот човек?

Понекогаш е полесно нештата да ги предвидиш одколку да ги погледнеш наназад. Добро е да гледаш нанапред со сликата. Малку гледаме нанапред иако иднината го бара тоа од нас. Сакаме да ја менуваме иднината, таа е мистериозна, таа нуди дарови и слики.

Погледот на минатото е поглед на слика од коцки и кругови(намерно не велам топки), таа не учи и ја има моќта да не охрабри. Можните истории ги нуди само иднината, оној момент кога ќе го разбереме тоа, разбираме зошто минатото е такво. Сакаме ли некако наназад да ја (по)влечеме иднината? Дали можеме да бидеме во исто време и во минатото и во иднината? По некаква логика тоа е (не)можно, или ако еден лист хартија го превиткате на пола, две точки од него ќе се најдат на исто место.

Создавањето уметност врз почва полна со „храна” е убаво. Дискусијата за создавањето уметност секогаш треба да го има предвид времето во кое таа е создадена. Дискусијата за создавањето уметност секогаш треба да ги има предвид општествените услови во кои таа е создадена. Нема добри услови за создавање уметност. Добрите услови се одтаде уметноста.

Диктатурата е едно од местата во кои се создавало уметност. Медиумскиот “розев” мрак исто така. Мракот и светлината се услови во кои е подеднакво создавано. Мракот и светлината се како просторот и формата. Просторот ја дефинира формата. Сликарството кога е различно има можност да биде објаснето. Почитта е етички-ликовен момент. Сликарството има моќ да учи. Без учење нема сликарство. Рефлектирањето вон сликарството е утопија. Рефлектирањето во сликарството е историја или повеќе можни истории.

Еднаш напишав: „Предзнаењата се одлични” и „Легендите се за читање”.

Сега дополнувам: “Читајте ги сликите на Чатмов!”

видео презентација на изложбата “Македонија низ окото, перото и четката на Едвард Лир (17 – 24 септември 1848 година )”

За сите оние што од најразлични причини не можеа да присуствуваат на отворањето на изложбата, а најмногу за оние што се далеку од Охрид, а сакаат да ја видат, еве едно видео презентација на изложбата “Македонија низ окото, перото и четката на Едвард Лир (17 – 24 септември 1848 година )”, уживајте

Емел Махмуд Изложба

11. 10. 2019 – 25. 10. 2019


Минатиот петок на 11.10.2019 год. се отвори самостојната изложба на Охридската сликарка и педагог Емел Махмуд. Изложбата ја содржат најнови дела работени во последните неколку години во различни сликарски техники, пастел, акварел, акрил на платно, комбинирани техники…. Ова е втора самостојна  изложба на Емел Махмуд во Куќата на Робевци и истата ќе биде отворена за посета секој ден освен понеделник од 09 до15 часот. Изложбара ќе трае до 25 септември.

По трагите на светите Кирил и Методиј

07. 12. 2018 – 12. 12. 2018


На 07.12.2018 година во 18 часот Куќата на Уранија-МАНУ и во Куќата на Робевци беше отворена изложбата “По трагите на свети Кирил и Методиј”. На свеченоста , во име на организаторите, Општина Охрид, Амбасадата на Република Словачка во Република Македонија и Словачката Национална Библиотека, се обратија градоначалникот Јован Стојаноски и амбасадорот Хенрик Маркуш.  Автор на фотографиите е познатиот меѓународен експерт за надворешна политика, господинот Павол Демеш, кој три години патувал и ги фотографирал најзначајните објекти, поврзани со животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, презентирајќи го патот на трите големи мисии, кај Арабите, кај Хазарите и мисијата во Велика Моравија. Кураторот на изложбата , господинот Стојан Лекоски истакна дека оваа патувачка изложба е преставена за прв пат во Братиславскиот замок, во неколку градови во Европа и САД, како и во Република Македонија. Изложбата ќе трае до 12.12.2018 година.