Со илуминација на Самоиловата тврдина, НУ Завод и Мизеј-Охрид во соработка со здружението ” Живот со предизвици” (Gordana Loleska) се приклучи кон глобалниот повик на ЕУРОРДИС (EURORDIS- Europian Rare Diseases Organisation) за осветлување на локални и национални згради и споменици и отпочнување на националната кампања ” Ги запознаваме ретките болести 2021″.
Од утре 01- ви Февруари, НУ Завод и Музеј- Охрид ќе се придружи на националната кампања ” Ги запознаваме ретките болести 2021″ по повод светскиот ден на ретки болести 28 Февруари, заедно со Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици”(Gordana Loleska)
Светскиот Ден на ретки болести –
28 Февруари, е годишен настан за подигнување на јавната свест во однос на ретките болест и влијанието кое тие го имаат на квалитетот на животот на пациентите, како и нивните права и потреби.
Во знак на подршка на пациентите со ретки болести и нивните семејства , но и како знак за подигнување на јавната свест, Самииловата тврдина ке биде осветлена цел месец Февруари.
Оваа година за Денот на ретките болести 2021 година ги повикуваме сите да и помогнат на заедницата за ретки болести да се обедини со ланец светла низ целиот свет. Како и секоја година,така оваа година се приклучуваме кон глобалниот повик на ЕУРОРДИС за осветлување на локални и национални згради и споменици. Сите знаеме дека изминатата,но и почетокот на оваа година поминува , во светлото на КОВИД-19. Овој синџир на осветлени објекти ќе послужи како еден од симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво. Во понеделник на 1 февруари започуваме со националната кампања “Ги запознаваме ретките болести 2021” но и со осветлување на Самоиловата тврдина како едно од најважните обележја на Охрид. Самоиловата тврдина ќе биде осветлена цел месец февруари во знак на поддршка на пациентите кои се борат со ретки болести.Но секако дека не застануваме тука па затоа ве повикуваме да ни се придружите, осветлете некој објект или дајте ни ваш предлог за илуминација на некоја зграда,споменик и сл.. Повеќе осветлени локални и национални згради и споменици, го зајакнуваат меѓународното влијание! Лолеска Гордана ,Живот со предизвици и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид.
Светски познатата збирка Охридски икони во 1973 година, во припратата на црквата Св. Богородица Перивлепта, каде што беше изложена во 1961 година по повод 12-тиот византолошки конгрес што тогаш се одржа во Охрид. Тука иконите останаа до 1983 година, кога некогашната “забавачница”, каде што учениците од блиското основно училиште “Св. Климент Охридски” ги одржуваа часовите по физичко воспитување и техничко обрзование, беше преадаптирана во денешната Галерија на икони-Охрид, која и денес е дом на оваа единствена колекција.
По повод 8-ми Декември денот на Св.Климент Охридски а воедно и Патрон на градот Охрид, Министерство за култура и Национална Установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј- Охрид, овозможува слободен влез во археолошките локалитети : Самуилова Тврдина , Залив на коските и Музеј – Куќа на Робевци, во период од 10:00 часот до 15:00 часот.
При посета на истите, Ве молиме за почитување на протоколот за заштита од COVID- 19.
Во текот на месец септември-октомври 2020г. , во рамките на програмските активности на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј -Охрид , како дел од програмата за култура и буџетски средства на РС Македонија беа реализирани систематски археолошки ископувања во јужната половина на Самуиловата Тврдина – Цитадела.
Истражувањата се во континуитет со ископувањата од 2016г. во делот помеѓу источниот и преградниот бедемски ѕид.
Цел беше да се открие целосно овој дел на габаритниот простор на цитаделата во јужната половина, односно делот од сарајот кој припаѓал на Џеладин-Бег, а истиот бил опожарен во 1830г.
Воедно откриени беа ѕидови и опожарени делови, фрамнетирана градежна керамика, монети и фрагменти од луксузни лулиња кои потекнуваат од Османлискиот период. Забележлива беше и калдрма чии делови беа откриени со претходните истражувања, а исто така беа пронајдени и одреден број на грниња кај кои декорацијата е изведена во појаси од плитко врежани жлебови и брановидни линии нанесени под устието или рамото на садовите.
Со ова заврши уште една етапа во истражувањето на Самуиловата Тврдина и секако останува во иднина да се доистражат западните и јужни делови од објектот како и постарите културни хоризонти во овој значаен простор.
Кон крајот на месец Октомври успешно беше реализиран Проектот „Подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро“ чиј носител беше НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид. Проектот беше финансиран од Министерство за култура на РС Македонија, во Годишната програма на проекти од областа намузејската дејност.
Целта на проектот беше да се рекогносцираат локациите за кои постоеја индиции заархеолошки локалитети и поединечни наоди, да се дефинираат нивните граници, да се позицинира
нивната географска местоположба со помош на GPS уреди, но и да се откријат нови локалитети, со крајна цел нивно запишување во националниот регистар на културното наследство во РС Македонија.
Потребата за проект од овој тип произлезе од интересот на домашни и странски гости за авантуристички туризам, односно преку нуркачки активности да се посетуваат атрактивни
локации во водите на Охридското Езеро. Проектот имаше и заштитен карактер, бидејќи со прогласувањето на локалитетите и поединечните наоди за културно наследство, истите ќе бидат
заштитени од нелегални посети и активности.
Покрај рекогносцираните делови кај с. Пештани и с. Трпејца, посебно внимание привлекоа наодите на две локации во околината на локалитетот Плоча Миќов град, откриени при слободни нуркачки активности на членови од нуркачкиот центар Амфора од Охрид. Во првиот случај станува збор за три фрагментирани керамички садови за складишна употреба питоси, лоцирани на длабочина од 45, 35 и 5 м под површината на водата, а во вториот случај тоа е наодот на градежна керамика, односно покривни тегули од лаконски тип, откриени на длабочина од 19,5 м. Тегулите од лаконски тип биле во употреба во долг временски период низ антиката, но во
конкретниов случај станува збор за тегули со потекло од доцната антика, за прв пат откриени во водите од Охридското Езеро. И во двата случаи, оддалеченоста на предметите на 70 – 100 метри од брегот на езерото, укажува на фактот дека истите биле транспортирани по вода со некаков пловен објект, а од засега непознати причини биле истоварени на овие места.
Она рекогносцирање дава првична слика за она што се случува со овие локалитети и наоди, со што се добива појдовна точка во размислувањето за нивната иднина, која секако ќе опфаќа дополнителни археолошки истражувања, со крајна цел надополнувaње на сликата за животот во крајбрежниот појас од Охридското Езеро од праисторијата до денес.
Во рамките на дводневната официјална посета на Република Северна Македонија, претседателот на Република Словенија Борут Пахор, во придружба на својот домаќин, претседателот Стево Пендаровски, денеска во Охрид посети дел од културно историските споменици. Меѓу другите, ја посети светски познатата Галерија на икони-Охрид која е дом на една од највредните и најубави збирки икони во светот и од која беше видно импресиониран, како и Античкиот театар кој, после повеќе од 2000 години, во последниве дваесет години повторно претставува центар на најзначајните и најголеми културни збиднувања во Охрид и во земјата, особено во летниот период.
Претседателот Stevo Pendarovski и нуркачкиот тим од баталјонот на специјалните сили на АРМ во посета на праисториската наколна населба и постојаната изложба на откриените артефакти во Музеј на вода – Залив на коските и Нуркачкиот клуб “Амфора”