https://www.facebook.com/gizapoznavameretkitebolesti
Оваа година за Денот на ретките болести 2021 година ги повикуваме сите да и помогнат на заедницата за ретки болести да се обедини со ланец светла низ целиот свет.
Како и секоја година,така оваа година се приклучуваме кон глобалниот повик на ЕУРОРДИС за осветлување на локални и национални згради и споменици.
Сите знаеме дека изминатата,но и почетокот на оваа година поминува , во светлото на КОВИД-19.
Овој синџир на осветлени објекти ќе послужи како еден од симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво.
Во понеделник на 1 февруари започуваме со националната кампања “Ги запознаваме ретките болести 2021”
но и со осветлување на Самоиловата тврдина како едно од најважните обележја на Охрид.
Самоиловата тврдина ќе биде осветлена цел месец февруари во знак на поддршка на пациентите кои се борат со ретки болести.Но секако дека не застануваме тука па затоа ве повикуваме да ни се придружите, осветлете некој објект или дајте ни ваш предлог за илуминација на некоја зграда,споменик и сл..
Повеќе осветлени локални и национални згради и споменици, го зајакнуваат меѓународното влијание!
Лолеска Гордана ,Живот со предизвици и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид.