Од 12–15 ноември 2026 година, во Охрид, беше одржана Меѓународна работилница за промоција на активностите на меѓународната фондација „Форум на словенските култури“. Меѓународната работилница беше организирана од НУ Завод и Музеј Охрид како дел од годишната програма финансирана од Министерството за Култура и Туризам со главна тема за заштита и промоција на културното наследство како ресурс за инклузивен и одржлив развој во земјите-членки на „Форумот на словенските култури“. Во рамките на средбите беше и состанокот на Програмскиот совет на „Форумот на словенските култури“.
Воведни обраќања имаa Ирина Димовска како претставник на Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија и Андреја Рихтер, директорката на Форумот на словенски култури.
Вовед во темата на работилницата ја водеше Горан Пачев, директор на Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид“.
Се одржаа две сесии и тоа првата со тема „Заштита и одржливо управување со археолошкото наследство“, општи пристапи кон заштитата и зачувувањето на археолошкото наследство на која настапија со тема „Преглед на досегашните археолошки истражувања и план за ревитализација на Самуиловата тврдина“, Анатоли Арнаудоски, археолог – виш кустос, и Атанас Кипро, археолог и кустос, и двајцата од НУ Завод и Музеј Охрид.
„Средновековните погребувања на археолошкиот комплекс Манчевци“, презентер Христијан Петровски, археолог кустос од НУ Завод и Музеј Охрид
„Археолошки истражувања, заштита и одржливо управување со археолошкото наследство: Искуства на Музејот на хрватските археолошки споменици“ за која говореше Бранка Милошевиќ Закиќ, помошник-директор и виш кустос, Музеј на хрватските археолошки споменици, Сплит, Хрватска
„Од археолошки локалитет до наследство на заедницата: Одржливо управување со Каштелир над Корте“ од Маша Сакара, научен соработник и музејски советник, Регионален музеј Копер, Словенија
Сесија II беше на тема „Промоција, иновации и инклузивно толкување на културното наследство“ Пристапи за презентација и промовирање на археолошкото наследство и ангажирање на различна публика со археолошкото наследство.
Никола Упевче, академски сликар и уметник на мозаик, конзерватор реставратор, од НУ Завод и Музеј Охрид ја претстави „3Д реконструкцијата на мозаиците од поликонхалната базилика на Плаошник, Охрид и подготовка за виртуелна реалност
„Виртуелна пристапност на македонската гробница во Охрид, од Иван Малезанов, археолог и кустос / НУ Завод и Музеј Охрид
„Од археолошко наследство до одржлив развој“ два европски проекти на Музејот на Херцеговина Требиње, Ивана Грујиќ, директор на Музејот на Херцеговина во Требиње и претседавач со ICOM БиХ
„Инклузивни археолошки паркови: поврзување на наследството, заедниците и социјалниот туризам преку Каштелир над Корте и КаштелирЕлерџи“ од Маша Сакара, научен соработник и музејски советник, Регионален музеј Копер, Словенија
На состанокот на проектната група и експерти за наследство на Форумот на словенските култури се дискутираше за извештајот од активностите во Блед (Наследството во движење и наградата Жива 2026), преглед на активностите спроведени во 2026 година, Евалуација на Стратешкиот план на ФСК во областа на наследството
Додека, на состанокот на Програмскиот совет на Форумот на словенските култури се разгледуваше Извештајот за заклучоците од претходниот состанок на проектната група за наследство на Форумот на словенските култури како и преглед на активностите спроведени во 2026 година, евалуација на Стратешкиот план во областа на наследството и дискусија за заеднички предлози за проекти, усвојување и заклучоци
Беше голема чест и привилегија да се организира ваква меѓународна работилница а Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, како добитник на престрижната награда ЖИВА за најдобар словенски локалитет на културно наследство за 2025-та година, се обврза да ја продолжи мисијата за да го заштитиме, истражуваме, зачувуваме и презентираме богатото наследство на регионот, но не изолирано, туку со континуиран дијалог, модерна иновација и силна регионална и меѓународна соработка.
Во град за кој нетреба многу да се говори но сепак заслужува бескрајна благодарност кој е жив доказ за милениуми човечка историја, уметност и духовност, горд регион на светското наследство на УНЕСКО – признат и по своите извонредни културни и природни вредности – Охрид носи длабока одговорност. Секој камен, секоја средновековна црква, секој артефакт под нашите нозе и во нашите музеи и галерии раскажува приказна што ни припаѓа не само нам, туку и на целото човештво.
Благодарност на сите говорници, истражувачи и учесници за нивната посветеност, експертиза и присуство на работилницата во Охрид.































