Лапидариумот кој е во состав на музејскиот комплекс „Куќата на Робевци“ уште еднаш покажа дека е идеално место и простор за културни, уметнички и друг вид настани како промоции или изложби. Со организирање на прекрасната групна изложба, охриѓани беа сведоци за еден несекојдневен амбиентален настан кој ќе остане долго во сеќавање. Вљубениците во уметноста имаа можност да ја видат ликовната изложба „Ех, моја Македонија“ организирана во знак на сеќавање на истакнатиот охридски уметник, прерано починатиот Драган Спасески Охридски. Во негова чест беа изложени дела на Мајкл Клос (Канада), Демир Демироски –охриѓанец кој живее во Германија и на охридските уметници Наташа Попоска Карче и Ѓоко Симјаноски.
НУ Завод и Музеј Охрид ја имаше таа можност и чест да ја помогне изложбата со отстапување на овај прекрасен простор.
в.д. Директор
М-р Горан Патчев
Музејско-културен центар “Лапидариум”
Адреса: Ул. “Цар Самоил” бр. 62, 6000 Охрид.








