17. 05. 2019 – 24. 05. 2019
На 17-ти мај по повод Меѓународниот ден на Музеите во Галеријата Робевци се отвори 29-тата традиционална изложба на уметнички дела. Изложени се дела работени во различни техники: масло на платно, акрил на платно, сутаж, комбинирана техника, скулптура во дрво, туш на хартија и акварел на хартија од 13 уметници од Охрид, Скопје, Романија и Турција кои изложувале во Галеријата Робевци во изминатите години : Владимир Пајиќ-Пајо, Марија Мешкоска, Билјана Тодороска, Мустафа Џеват Атал, Тања Џипунов, Васе Урдин, Емилија Персу, Зоран Мише, Вангел Наумовски, Христина Зафировска, Стефан Хаџи Николов, Мирко Вуисиќ и Блашка Ми Ева.
Во рамки на чествувањата на Меѓународениот ден на Музеите од страна на МНК на ИКОМ беше доделена Пофалница на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид за Музеј на годината – Проект: „Реконструкција на постојана музејска поставка“ – Куќа на Робевци.
На истиот датум беше потпишан Анекс за изменување и дополнување на Колективниот договор на ниво на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид за усогласување со нивелацијата на платите на вработените во институциите од областа на културата.

.jpeg)