Работна посета на Флора Карајани, директорка на Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици и Мариа Мерџани, директорка на Управата за конзервација на антички и современи споменици од Република Грција

На 03. 04. 2021, во работна посета на Охрид и нашата институција престојуваа Флора Карајани, директорка на Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици и Мариа Мерџани, директорка на Управата за конзервација на антички и современи споменици од Република Грција.

Гостите имаа можност да ја посетат светски познатата Галерија на икони и црквите Св. Богородица Перивлепта и катедралата Св. Софија. Притоа, во меѓусебните разговори им беа презентирани актуелните програмски активности на институцијата, како и дел од активностите во минатото, особено на полето на конзервацијата, при што посебен акцент беше ставен на конзервацијата на иконите, како и неодамнешната конзервација на архитектурата и живописот на црквата Св. Богородица Перивлепта. При посетата на Св. Софија, гостите беа запознаени со нејзината важност како вековно седиште на Охридските архиепископи, обемните конзерваторски работи, изведени од екипа на меѓународни експерти во почетокот на педесеттите години на минатиот век и потребата од изведување на слични такви конзерваторски зафати во најскоро време, за што од нивна страна беше изразена подготвеност за конкретна соработка, особено во областа на конзервација и реставрација на византиското наследство, обука на стручни кадри за заштита и секаков друг вид соработка.

Илуминација на Самоиловата тврдина

Со илуминација на Самоиловата тврдина, НУ Завод и Мизеј-Охрид во соработка со здружението ” Живот со предизвици” (Gordana Loleska) се приклучи кон глобалниот повик на ЕУРОРДИС (EURORDIS- Europian Rare Diseases Organisation) за осветлување на локални и национални згради и споменици и отпочнување на националната кампања ” Ги запознаваме ретките болести 2021″.

#RareDiseaseDay

#EURORDIS

#rearismany

#rearisstrong

#rearisproud

@reardiseaseday

Ги запознаваме ретките болести 2021

Од утре 01- ви Февруари, НУ Завод и Музеј- Охрид ќе се придружи на националната кампања ” Ги запознаваме ретките болести 2021″ по повод светскиот ден на ретки болести 28 Февруари, заедно со Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици”(Gordana Loleska)

Светскиот Ден на ретки болести –

28 Февруари, е годишен настан за подигнување на јавната свест во однос на ретките болест и влијанието кое тие го имаат на квалитетот на животот на пациентите, како и нивните права и потреби.

Во знак на подршка на пациентите со ретки болести и нивните семејства , но и како знак за подигнување на јавната свест, Самииловата тврдина ке биде осветлена цел месец Февруари.

#RareDiseaseDay

Ретки сме !💚 Силни сме! 💜 Горди сме!💙

Денот на ретките болести 2021

https://www.facebook.com/gizapoznavameretkitebolesti

Оваа година за Денот на ретките болести 2021 година ги повикуваме сите да и помогнат на заедницата за ретки болести да се обедини со ланец светла низ целиот свет.
Како и секоја година,така оваа година се приклучуваме кон глобалниот повик на ЕУРОРДИС за осветлување на локални и национални згради и споменици.
Сите знаеме дека изминатата,но и почетокот на оваа година поминува , во светлото на КОВИД-19.
Овој синџир на осветлени објекти ќе послужи како еден од симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво.
Во понеделник на 1 февруари започуваме со националната кампања “Ги запознаваме ретките болести 2021”
но и со осветлување на Самоиловата тврдина како едно од најважните обележја на Охрид.
Самоиловата тврдина ќе биде осветлена цел месец февруари во знак на поддршка на пациентите кои се борат со ретки болести.Но секако дека не застануваме тука па затоа ве повикуваме да ни се придружите, осветлете некој објект или дајте ни ваш предлог за илуминација на некоја зграда,споменик и сл..
Повеќе осветлени локални и национални згради и споменици, го зајакнуваат меѓународното влијание!
Лолеска Гордана ,Живот со предизвици и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид.

Светски познатата збирка Охридски икони во 1973 година

Светски познатата збирка Охридски икони во 1973 година, во припратата на црквата Св. Богородица Перивлепта, каде што беше изложена во 1961 година по повод 12-тиот византолошки конгрес што тогаш се одржа во Охрид. Тука иконите останаа до 1983 година, кога некогашната “забавачница”, каде што учениците од блиското основно училиште “Св. Климент Охридски” ги одржуваа часовите по физичко воспитување и техничко обрзование, беше преадаптирана во денешната Галерија на икони-Охрид, која и денес е дом на оваа единствена колекција.