Јубилејни награди

На мала свеченост во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј- Охрид, беа доделени пригодни благодарници на колеги кои остварија услов за добивање на јубилејна награда за повекегодишна непрекината работа во нашата установа, а согласно Одлука донесена на седница на Управниот одбор на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј- Охрид, за утврдување и исплата на јубилејна награда на работници за непрекината работа кај ист работодавач.
Благодарност до сите колеги.

Завршен проектот „Превентивна заштита и санација на влезните порти на музеј куќата на Робевци“- финансиски поддржан од Министерството за култура.

Дека Охрид е непресушен извор на богато материјално и нематеријално, движно и недвижно и пред се духовно наследство ѝ како целина но и секое место, уличка, куќа, крие некаква приказна и овој пат се покажа и докажа. Имено при работа на портите на куќата на Робевци пронајдени се амајлии чие потекло и значење  понатака ќе бидат цел на проучување на стручен тим составен од повеќе области во заштитата и музејската дејност.

На проектот работеа како раководител на проектот диа Тања Паскали Бунташеска-советнок конзерватор и  стручен тим составен од дипл.инж.технолог-Билјана Митаноска-конзерватор; Оливера Мишева-виш кустос; Ванчо Димоски -конзерватор; Ѓоко Филипоски-надворешен член

Националната Установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, годинава еден од добитниците на Св Климентовата Повелба

Во прекрасниот амбиент на црквата Св. Софија на ден 8 декември 2025 во Охрид се одржа централната манифестација, свечена академија во чест на  „Св. Климент Охридски- Патрон на градот Охрид.

Пред бројните гости од дипломатскиот кор, претставници од верските заедници во државава, пратеници во Собранието на Р. Макдонија, советници, градоначалници на збратимени градови со градот Охрид и бројни граѓани, се обрати градоначалникот Кирил Пецаков

На церемонијата традиционално, беа врачени највисоките општински награди и признанија за врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во развојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид, Република Македонија и во Светот.

Највисоката општинска награда за животно дело, наградата „Патрон на градот – Свети Климент Охридски“, оваа година, постхумно се додели на истакнатиот охридски новинар, хроничар, публицист Владо Ангеличин –Жура.

Директорот м-р Горан Патчев во име на Националната Установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, како еден од добитниците на Св Климентовата Повелба ја прими оваа престижна награда за 2025-та година.

Покрај НУ Завод и Музеј Охрид се доделија уште четири повелби на: охридскиот историчар на уметност, Јорданка Матова, музичкото дуо „Силви Бенд“, продуцентот, режисер и музичар  Даниел Јовески и на охридската група „The Backdoor Band“.

Свеченоста беше заокружена со богата културно уметничка програма во која учествуваа еминентни македонски актери, музичари, инструменталисти, солисти и хорови.

Реализиран проектот „Конзерваторско реставраторски работи на живописот од црквата Св. Богородица Болничка“

Во рамки на годишната програма на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид реализиран е проектот „Конзерваторско-реставраторски работи на живописот од црквата Св. Богородица Болничка“, кој е финансиран од Министерството за култура и туризам. Раководител на проектот е м-р Никола Патчев. Со реализацијата на проектот беа извршени стручни конзерваторско-реставраторски интервенции со цел заштита, стабилизација и презентација на живописот, со што се придонесува кон зачувување на културно-историското наследство од исклучително значење за Охрид и поширокиот регион. Работите беа изведени согласно важечките стручни стандарди и принципи на конзервацијата, од страна на стручен тим на конзерватори- реставратори.

Прстенот – симбол на завет, статус, моќ –  од етнолошката ризница на охридскиот музеј

На 5 декември 2025 година во 12 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата „Прстенот – симбол на завет, статус, моќ –  од етнолошката ризница на охридскиот музеј“.

На изложбата ќе бидат презентирани 80 експонати кои се дел од богатата етнолошка збирка при НУ Завод и Музеј – Охрид. Изработени главно од сребро во филигранска техника и украсени со полускапоцени камења, украсни стакленца и висулци – трепетушки. Тоа се врвни изработки на мајсторите кујунџии од Охрид, Струга и Дебар  кои датираат од крајот на XVII  до средината на XX век. Ќе бидат презентирани машки и женски прстени, прстени печатници со натписи и иницијали, столовати масивни прстени, прстени со кубести глави богато украсени со филигран и украсни камења и стакленца и прстени во вид на бурми.

  Прстенот е задолжителен накит за рацете без разлика на родовата, етничката или класната припадност уште од времињата на најстарите култури и цивилизации. Најзастапен, а некогаш и единствен накит. Покрај брачната фунција, прстенот печатник добива функција како обележје на статусот во рамки на државата, црквата, професијата и семејството. Но, заради неговата мистичност поврзана со неговиот облик на круг, се верува дека прстенот поседува и заштитна, прочистувачка, магиска и лечебна моќ. Тој е накит што се употребува и денес. Како брачен симбол, но и симбол на социјалниот статус, на моќна функција, а особено како одреден стил и мода на украсување. Но, секогаш ќе остане симбол на завет, единство, моќ, авторитет, достоинство и вечност.

Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам во рамки на Годишната програма за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2025 година.  Раководител на проектот – автор на каталогот и концепција на изложбата е Оливера Мишева, виш кустос етнолог во НУ Завод и Музеј – Охрид.

Со овој настан НУ Завод и Музеј – Охрид се приклучува кон чествувањата за патрониот празник на градот Охрид Свети Климент Охридски.

Изложба „Охрид преку делата на Славко и Никола Упевче“

НУ Завод и Музеј Охрид со особена чест и задоволство, Ве поканувам на ликовната изложба „Охрид преку делата на Славко и Никола Упевче“.

Ателјето и галеријата Упевче во чест на 7 Ноември од истоимената улица, гостува во Куќата на Робевци од 6 Ноември (Четврток) во 18:00 часот.

Ликовно – едукативна работилница за деца со типичен и атипичен развој

На 27 октомври во Галеријата на икони НУ Завод и Музеј Охрид , ученици од ОУ Св.Климент Охридски преку игра и едукација го запознаа светот на музеите и културното наследство – иконописот.

Тие решаваат целни задачи,твореа, составуваа сложувалки, гледаа документарен филм во прекрасниот амбиент на изложбениот дел на охридската Галерија на икони.

Работилницата беше организирана и водена од кустосот Катерина Велкоска, а одговорни наставници- дефектолози од училиштето беа Весна Кајмакоска и Симона Казанџиоска.

Креативните работилници продолжуваат во Охридската галерија на икони и со ученици од ООУ ,, Св. Наум Охридски”

Наумовите ученици на амбиентална настава во Галерија на икони

Низ едукативна игра, видео презентација и интерактивна сложувалка дечињата се запознаа со светот на музеите, учеа за богатото и непроценливо културно и духовно наследство на Охрид, кое грижливо се чува во Галеријата на икони.

Одговорен наставник директорката Валентина Рубаноска ,а водител на работилницата Катерина Велкоска

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ОХРИДСКИ ФОЛКЛОРИСТИ“

Почитувани,
Општина Охрид Ве поканува на промоција на книгата ,,Охридски фолклористи” од авторите: проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски во издание на градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.
Програма:

Обраќање на претставник на Општина Охрид;

Обраќање на уредникот на едицијата: ,,Охридско книжевно наследство” Митре Велјаноски;

Обраќање на промоторот проф.д-р Велика Серафимоска;

Настап на Митко Колјушевски -текстописец, автор, композитор,музичар

12:00 часот
Спомен – куќа на Григор Прличев

НУ Завод и Музеј – Охрид, награден за „Најдобар словенски локалитет“

Наградата Жива за 2025 година за најдобар словенски локалитет беше доделена на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид

Наградата ја прими директорот м-р Горан Патчев во придружба на колегата Сашо Блажески.

Форумот на Словенски Култури ги објави победниците од 2025 Жива Наградите за 2025 та година во Требиње, Босна и Херцеговина

Помеѓу 8 и 11 октомври 2025 година, Форумот на словенски култури (FSK) го прослави 11-то издание на наградата Жива со меѓународна конференција и објавување на победниците во Требиње, Босна и Херцеговина.

Наградата Жива за најдобар словенски музеј, именувана по словенската божица Жива, која симболизира живот, виталност и плодност, е основана во 2014 година од страна на Меѓународната фондација FSK. Тоа беше иницијатива на директорката на FSK, д-р Андреја Рихтер, која е и лидер на проектот за наградата Жива. Оттогаш, наградите Жива за најдобар словенски музеј и најдобар словенски локалитет (воведени во 2018 година) станаа единствена транснационална културна платформа посветена на промовирање на заштитата, зачувувањето, образованието, комуникацијата и општествената улога на словенските музеи и локалитети. Денес, мрежата прерасна во значајна словенска заедница која опфаќа речиси 250 музеи и локалитети низ 13 словенски земји.

Доделувањето на наградата Жива за 2025 година во Требиње се одржа под покровителство на Никола Селаковиќ, министер за култура на Република Србија и претседател на Управниот одбор на ФСК, кој додели специјална парична награда за победникот во наградата „Најдобар словенски локалитет“.

Домаќини на доделувањето на наградата Жива и конференцијата беа Општина Требиње, претставувана од градоначалникот Мирко Ќуриќ, кој обезбеди значителна поддршка заедно со директорката на Музејот на Херцеговина во Требиње, Ивана Грујиќ, и неколку други организатори, вклучувајќи ја и Сарита Вујковиќ, директорка на реномираниот Музеј на современа уметност во Бања Лука и членка на жирито за наградата Жива.

Фактот дека на овој настан учествуваа над 140 учесници од 10 словенски земји и уште 3 други, укажува на виталноста на заедницата на културно наследство, како и на растечкиот углед на наградата Жива во Европа и пошироко.

Посебен белег на овогодинешното издание на Жива беше воведувањето на новата награда Жива за најдобро зачувување на словенското наследство низ целиот свет. Оваа нова награда ја проширува мисијата на наградата Жива надвор од границите на словенските земји претставени од FSK. Таа ги признава иницијативите што го зачувуваат словенското културно наследство и идентитет низ целиот свет. Уште во првата година, четири музеи од Италија, Унгарија и САД се натпреваруваа за оваа нова награда.

Други значајни настани беа овогодишната конференција „Одгласи на наследството и иднината на музеите“, на која беа одржани главни предавања од истакнати експерти Алесио Мацолоти (Италија), Сандро Дебоно (Малта) и Роберто Занкан (Италија/Швајцарија), како и презентации од 32 номинирани музеи. Овие презентации ги покажаа виталните улоги што ги играат овие музеи во оживувањето на културното наследство. Тие станаа живи, инклузивни простори на сеќавање, дијалог и креативност. Тие се застапници на сеќавањето на минатото со цел да се обликува иднината, патници низ времето кои користат технологија, визуелна интерпретација и раскажување приказни за да ја оживеат историјата, хроничари кои ги ангажираат заедниците и ја евидентираат нашата сегашност и визионери кои прифаќаат иновации и идентификуваат нови трендови за да изградат подготвена и поодговорна иднина. Музеите, исто така, покажаа свест за предизвиците и одговорностите што претстојат, вклучувајќи дигитална трансформација, виртуелни изложби, 3Д скенирање, вештачка интелигенција, одржливост и грижа за животната средина.

Наградата Жива за 2025 година кулминираше на 10 октомври во Требиње со церемонија на доделување награди. Оваа година, жирито за наградата Жива – составено од 16 музејски експерти од различни словенски земји и Европската музејска академија (ЕМА) – им додели награди, признанија и специјални дипломи на 13 музеи од 11 земји.

Добитници на наградите Жива за 2025 година се:

Наградата Жива за 2025 година за најдобар словенски музејбеше доделена на Хрватскиот музеј за природна историја, Загреб, Хрватска

Наградата Жива за 2025 година за најдобар словенски локалитет беше доделена на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Охрид, Северна Македонија

Почесно признание му беше доделено на „Лет а Писку“. Споменик на холокаустот на Ромите и Синтите во Бохемија, Пишек, Чешка Република.

Специјални признанија им беа доделени на:

Спомен-музеј Сибир, Бјалисток, Полска: за креативност

Куќа на Халубје ѕвонарите, Вишково, Хрватска: за одржливост.

Регионален музеј на Плевља, Црна Гора: за лидерство и тимска ефикасност.

Музеј на оружарница во замокот Лив, Полска: за внимание кон посетителите и отвореност.

Малкарпатски музеј во Пезинок,  Словачка: за раскажување приказни

Дипломи:

Специјална диплома за извонредност беше доделена на:

– Музеј Житомислиќ, Босна и Херцеговина

Диплома за зачувување на културното наследство низ целиот свет им беше доделена на:

– Музеј Каницаи Доротја, Мохач, Унгарија

– Музеј на рибарството на крајбрежјето Трст, Санта Кроче ди Трст, Италија

– Музеј на луѓето од долината Ресија, Столвица, Италија

– Национален чешко-словачки музеј и библиотека Сидар Рапидс, Ајова, САД

Форум на Словенска Култура (ФСК) Љубљана, 10 Октомври 2025 www.fsk.si

Dr Andreja Rihter

Director

Forum of Slavic Cultures

M: + 386 41 798 221 E: andreja.rihter@fsk.si

Cesta 27. aprila 47, 1000 Ljubljana, Slovenia

Меѓународен симпозиум за Медитеранска и Теоретска Археологија – ЛИХНИДА

По повод Европските денови на наследството 2025, нашата институција, во соработка со Институтот за културно наследство и археологија и Универзитетот Хумболт во Калифорнија, го организира Првиот меѓународен симпозиум за теоретска медитеранска археологија – ЛИХНИДА во Охрид од 19 до 21 септември. Меѓународен директор на симпозиумот е амбасадорот проф. д-р Љубен Тевдовски од Институтот за историја и археологија, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, претседател на Меѓународниот научен одбор е академик проф. д-р Мигел Џон Верслујс од Универзитетот Лајден и потпретседател проф. д-р Емануела Борџија од Универзитетот Сапиенца – Рим.