21 февруари меѓународен ден на туристичките водичи

21 февруари меѓународен ден на туристичките водичи

По повод 21 февруари меѓународен ден на туристичките водичи беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Здружение на туристички водичи и придружници на Македонија претставувано од претседателот Бранко Босилков  и  НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид претставувано од директорот М-р Горан Патчев, со што и двете страни ќе се стремат кон взаемна размена на информации, знаења и искуства од областите од заеднички интерес, обезбедување квалитетни деловно-стручни услуги за членовите на страните потписнички, утврдување и негување на добрите деловни обичаи, учество, соработка и реализација на заеднички проекти. Двете договорни страни се согласни да создаваат атмосфера на меѓусебна почит и доверба за остварување на заедничките интереси при организација и реализација на научни конференции, обуки, семинари, работилници, промоции и трибини со цел заштита и презентација на културното наследство на Охридскиот регион во и надвор од нашата држава.

Притоа, беше организирана групна посета на туристички водичи со брод до Музејот на Вода – Залив на коските во Градиште.