Делегација на НУ Завод и Музеј Охрид, во рамките на одбележувањето на 120 години од херојската смрт на Христо Узунов, македонскиот револуционер и војвода на охридските револуционерни чети, заедно со други делегации од Општина Охрид, претставници на политичките партии, претставници од институции, почитувачи на неговиот лик и дело на 24 април положија цвеќе пред спомен-бистата во Градскиот парк и присуствуваше на панихидата и се поклони на гробот на Узунов во кичевското село Цер. Претходно во спомен куќата на Христо Узунов во Охрид се одржа свечена академија и промоција на драмскиот текст од авторот Зоран Пејкоски како и друга културно уметничка програма.












