Наодите се дел од реализацијата на археолошко – истражувчкиот проект со наслов „Систематски археолошки истражувања на архајската некропола Корошишта„ како дел од Годишната програма финансирана од Министерството за култура за 2024-та а под раководство на м-р Перо Арџанлиев археолог претставник на НУ Археолошки музеј на РМ и археолог м-р Драган Танески претставник археолог од НУ Завод и Музеј Охрид. Заради реализација на истражувањата, помеѓу двете установи, НУ Завод и Музеј Охрид и НУ Археолошки Музеј на РМ – Скопје е потпишан Договор за соработка.
Археолошкиот локалитет се вика Расница според месноста каде се наоѓа во атарот на с. Корошишта. Откриен е случајно при земјоделски работи од страна на Шефит Шемшедини во 2020 година. Тогаш е откриен бронзен шлем и истиот е предаден во Завод и музеј Охрид
Во 2023 година тим од Археолошкиот музеј Скопје предводен од раководителот се успеа да се добие согласност од сопственикот на нивата Букури Шемшедини за вршење археолошки истражувања.
Локалитетот претставува некропола од Архајскиот период (6 век п.н.е). По многу нешта наликува на далеку попознатата Требенишка некропола која е во непосредна близина.
Она што е значајно е монументалноста на гробната архитектура и гробните прилози кои се исклучителни и слободно можат да се споредуваат со некрополите како Архонтико, Синдос и Требениште.
Благодарност до колегите од НУ Завод и Музеј Охрид кои помогнаја овај проект да се реализира.
в.д. Директор М-р Горан Патчев













