Националната Установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид, изразува вечна благодарност кон упокоениот митрополит на Дебарско-кичевската епархија и администратор Австралиско-сиднејски Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј, за грижата и неговата непро ценлива улога во заштитата на сакралното културно наследство на Охрид и регионот. Со исклучително визионерство, раскошно интелектуално ниво и беспрекорна педантност во постапките, ТОЈ го врати животот на охридската црковна историчност со инспиративни зафати на многуте црковни и други сакрални градби по целата епархија, вклучувајќи ги тука и нашите познати монументи почнувајќи од Свети Еразмо, Свети Стефан, Катедралната Света Софија па до Света Богородица Перивлепта, и Св Богородица Заумска и возвишениот Свети Наум. Митрополитот Тимотеј беше мотиватор и иницијатор првенствено за нашата вклученост и вграденост во Возобновувањето на Светиклиментовата црква Св. Пантелејмон, а потоа и на Возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник, со што заслужено го доби и епитетот од профаното жителство на Охрид, Митрополит Плаошки и Дебарско-кичевски.
ДЕДО Тимотеј, ТИ ќе останеш во нашата меморија и во црковната историја на Охрид како Возобновител на Светиклиментовиот манастир на Плаошник, со Твојот дух, мотивирајќи ја инспиративно, заштитно-истражувачки и творечки, нашата установа НУ Завод и Музеј Охрид.
Нека Ти е вечна слава.
https://www.dke.org.mk/index.php/mitropolit
Од вработените во НУ Завод и Музеј – Охрид




