Издавачка дејност

Со желба да ѝ се презентираат на пошироката културна јавност стручните и научните сознанија кои произлегуваат од дејноста на оваа установа, во далечната 1957 година е покренат зборникот “Лихнид” како Годишен зборник на Народниот музеј во Охрид.

Со поголеми или помали прекини, како резултат на разни околности, засега последниот број на зборникот, бројот 7, излезе од печат во 1989 година, но интенциите за негова обнова продолжуват.

Покрај зборникот “Лихнид”, во издание на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид, досега се излезени и бројни монографски публикации кои дале и даваат голем придонес во осветлувањето на нашето богато културно-историско минато, како и голем број каталози за изложби од повеќе области.

Зборници и периодични публикации:

  • Лихнид 1, Охрид 1957;
  • Лихнид 2-3, Охрид 1959;
  • Зборник на трудови, Охрид 1961;
  • Словенска писменост (Лихнид 4), Охрид 1966;
  • Лихнид 5, Охрид 1983;
  • Лихнид 6, Охрид 1988;
  • Лихнид 7, Охрид 1989;
  • Целакоски Н. et alli, Христо Узунов и неговото време, Охрид 2006;

Монографски публикации:

  • Лахтов В., Проблем Требенишке културе: докторска дисертација, Охрид 1965;
  • Битракова-Грозданова В., Старохристијански споменици во Охридско: магистерска работа, Охрид 1975;
  • Николовски А., Манастирот Св. Наум, Охрид 1976;
  • Грозданов Ц., Црква Св. Климент-Охрид, Охрид 1979;
  • Грозданов Ц., Црква Св. Софија-Охрид, Охрид 1979;
  • Грозданов Ц., Охридското ѕидно сликарство од XIV век: докторска дисертација, Охрид 1980;
  • Суботиќ Г., Охридската сликарска школа од XV век, Охрид 1980;
  • Бошале Н., Климент Охридски и Школата на хуманизмот, Охрид 1983;
  • Андонов-Полјански Х., Христо Узунов-Драмата во Цер, Охрид 1985;
  • Стефанија Д., Викторија Поп Стефанија-народно творештво од охридско и струшко 1-2, Охрид-Струга 1987;
  • Ристески С., Две Македонски судбини-Аргир и Тома Маринче, Охрид 1988;
  • Маленко Д., Охридска народна песна и приказна, Охрид 1989;
  • Митрески П., Историски прилози за Охридско-струшкиот регион од средината на XIX век до 1944 година, Охрид 1989;
  • Ристески С., Григор Прличев-нови страници, Охрид 1989;
  • Nanevski D., A poem of Ohrid, Ohrid 1990;
  • Трајановски А., Словата на Кузман Шапкарев, Охрид 1993;
  • Бачева Д., Нумизматичките вредности во југозападниот дел на Македонија од V-XIV век, Охрид 1999;
  • Георгиевски М., Галерија на икони-Охрид, Охрид 1999;
  • Georgievski M., Icon Gallery-Ohrid, Ohrid 1999;
  • Константинов М., Георги Шоптрајанов, Охрид 1999;
  • Миладиновска Л., Библиографија на македонската археологија (1945-1999), Охрид 1999;
  • Шоптрајанов Г., Факсимили од Охридската ризница, Охрид 2000;
  • Мојсоска Л., Св. Богородица Болничка, Охрид 2001;
  • Чипан Б., Долни Сарај-епизода од историјата на Охрид со Џеладин бег, Охрид 2001;
  • Белев 3.-Ристовски Б.-Целакоски Н., Мемоарски записи за Охридскиот заговор, Охрид 2001;
  • Матова Ј., Јоне Симонче, Охрид 2001;
  • Бачевска Д., Нумизматички наоди од југозападниот дел на Република Македонија од V век п.н.е. до XIV век,Охрид 2002;
  • Кузман П., Музеите во Охрид, Охрид 2002;
  • Кузман П.-Наумоски Р.ed., Охридска порта Љубица, Охрид 2002;
  • Хорхе Падрон Х., Беседа за Прличев, Охрид 2002;
  • Целакоски Н., Христо Узунов, забелешки за организацијата во Охридско и Струшко, Охрид 2003;
  • Целакоски Н., Гемиџијата Марко Бошнаков, Охрид 2003;
  • Бошале Н., Григор Прличев и големата обнова на животот, Охрид 2003;
  • Главјук С., Беседа за Прличев, Охрид 2003;
  • Грозданов Ц.- Кузман П.-Паскали-Бунташеска Т., Плаошник-Возобновената црква на Светите Климент и Пантелејмон, Охрид 2003;
  • Ангеличин-Жура Г., Христијанските храмови и свети места во Охридско, Охрид 2006;
  • Матова Ј., Стефан Нестороски, Охрид 2006;
  • Бачевска Д., Монетите на пајонските племиња и пајонските кралеви од Република Македонија (VI – IIIв. п.н.е.), Охрид 2006;
  • Целакоски Н., Охридската револуционерна околија 1900-1913, Охрид 2006;
  • Ангеличин-Жура Г., Поглавари на Охридската црква, Охрид 2008;
  • Ангеличин-Жура Г., Црквата Успение на Пресвета Богородица во с. Велестово, Охрид 2008;
  • Ѓеоргиев Д., Охрид и Охридско низ Османската документација во XIX-XX век, Охрид 2009;
  • Ангеличин-Жура Г., Прилози од историјата на уметноста во охридската диецеза, Охрид 2009;
  • Матова Ј., Андон Дуко, Охрид 2011;
  • Ангеличин-Жура Г., Пештерните цркви во Охридско-струшкиот регион, Охрид 2012;
  • Ангеличин-Жура Г., Капелата над ѓакониконот во Охридската катедрала Св. Софија, Охрид 2012;
  • Матова Ј., Сликарството во Охрид во XX век, Охрид 2013;
  • Ангеличин-Жура Г., Документи за охридските парохии и маала, Охрид 2014;
  • Кузман П.-Почуча-Кузман Н., Златото на Лихнитида, Охрид 2014;
  • Мојсоска Л., Фрески од Охрид-мапа, Охрид 2015;
  • Мојсоска Л., Св. Никола Чудотворец, Охрид 2015;
  • Бачева Д., Монетоковањето во Охрид (Лихнидос) II век п.н.е.- XIII-XVII век, Охрид 2016;
  • Мишева О.-Митровиќ-Бабе Н., Охридскиот бисер во фамилиите Талеви и Филеви, Охрид 2016;
  • Ангеличин-Жура Г., Патеписците пишуваат за Охрид, Охрид 2016;
  • Митровиќ-Бабе Н., Петар Чауле-син на ВМРО, Охрид 2016;
  • Битрак С., Монетарна циркулација на Плаошник, Охрид 2016;