slide 1
АНТИЧКИ ТЕАТАР - II ВЕК П.Н.Е.
КУЌА НА РОБЕВЦИ
slide 1
05_slider_rozeta_rezbana
САМОИЛОВА ТВРДИНА IV-XIX ВЕК
МОЗАИК ОД ПОЛИКОНХАЛНА БАЗИЛИКА НА ПЛАОШНИК - V-VI ВЕК
ФРИЗ НА АНГЕЛИ - ЦРКВА СВ. СОФИЈА - XI ВЕК
ЦРКВА СС. КЛИМЕНТ И ПАНТЕЛЕЈМОН НА ПЛАОШНИК -IX-XXI ВЕК
МУЗЕЈ НА ВОДА ВО ЗАЛИВОТ НА КОСКИТЕ - ГРАДИШТЕ КАЈ ПЕШТАНИ
ГАЛЕРИЈА НА ИКОНИ - ОХРИД
ИКОНА БОГОРОДИЦА ПАНТОНХАРА - АВТОР ДИЧО ЗОГРАФ - 1884 ГОДИНА
Image Slide 1
УПРАВНА ЗГРАДА - РАДНИЧКА
Image Slide 2
АНТИЧКИ ТЕАТАР - II ВЕК П.Н.Е.
Image Slide 3
КУЌАТА НА РОБЕВЦИ
Image Slide 4
ЗЛАТНА МАСКА И РАКАВИЦА - VI-V ВЕК П.Н.Е
Image Slide 5
РОЗЕТА ОД РЕЗБАНА ТАВАНИЦА - КУЌА НА РОБЕВЦИ - ШИРВАН
Image Slide 6
САМОИЛОВА ТВРДИНА IV-XIX ВЕК
Image Slide 7
МОЗАИК ОД ПОЛИКОНХАЛНА БАЗИЛИКА НА ПЛАОШНИК - V-VI ВЕК
Image Slide 8
ФРИЗ НА АНГЕЛИ - ЦРКВА СВ. СОФИЈА - XI ВЕК
Image Slide 9
ЦРКВА СС. КЛИМЕНТ И ПАНТЕЛЕЈМОН НА ПЛАОШНИК -IX-XXI ВЕК
Image Slide 10
МУЗЕЈ НА ВОДА ВО ЗАЛИВОТ НА КОСКИТЕ - ГРАДИШТЕ КАЈ ПЕШТАНИ
Image Slide 11
ГАЛЕРИЈА НА ИКОНИ - ОХРИД
Image Slide 12
ИКОНА БОГОРОДИЦА ПАНТОНХАРА - АВТОР ДИЧО ЗОГРАФ - 1884 ГОДИНА
previous arrowprevious arrow
next arrownext arrow
Shadow

ПРИРОДНОТО И КУЛТУРНО БОГАТСТВО НА ОХРИДСКИОТ РЕГИОН 

Древниот Охрид, жив сведок на културното натпреварување на цивилизациите кои оставиле траен печат за нивното постоење и престојување во овој регион, доминира на Македонскиот брег на Охридското Езеро, горд на својата милениумска историја што го прави еден од најстарите градови на Балканот.

Неговите сегашни жители, кои имаат привилегија да живеат во оваа еколошки чиста средина богата со културни вредности, љубоморно ги чуваат и негуваат вековните традиции и од секогаш несебично го споделуваат своето огромно културно-историско наследство со бројните туристи од целиот свет.

Само во поширокиот регион на Охрид има над 250 археолошки локалитети од неолитскиот период, преку антиката па сè до доцниот среден век, потоа, повеќе од 50 цркви и манастири, од V до XIX век, тврдини со бедеми во должина од над 3.000 метри, околу 60 објекти од старата градска архитектура и повеќе од 2.500m2 средновековни фрески и околу 1.000m2 подни мозаици.

Движното културно наследство е застапено со повеќе од 2.000 икони од периодот од XI до XIX век, 119 грчки и словенски ракописи, пишувани на пергамент и хартија, 39 глаголски епиграфски споменици, околу 1.500 ретки и старопечатени книги, како и повеќе илјади други музејски предмети-археолошки, нумизматички, етнолошки, историски документи и дела од современата уметност.

Заради извонредните универзални природни, културни и историски вредности кои се огледаат во вековната синтеза на исконската природа и древното градителско наследство, одамна познато и признаено во светот, Охридското Езеро и градот Охрид со сето свое културно наследство се ставени на листата на Светското наследство на УНЕСКО.

Најпрвин, во 1979 година, Комитетот за светско наследство одлучи во листата на светско наследство, под природниот критериум (III), да влезе и Охридското Езеро, односно делот што ѝ припаѓа на Македонија (тогаш во рамките на СФРЈ).

Наредната, 1980 година, Комитетот одлучи да го прошири заштитеното подрачје на Охрид вклучувајќи ги и културните и историските вредности, според културните критериуми (I), (III) и (IV), под името “Охридскиот регион со неговите културни и историски аспекти и неговата природна околина.” На барање на Република Македонија, на Триесеттата седница на Комитетот за светското наследство, во 2006 година, името на заштитеното подрачје на Охрид е изменето во: “Природното и културното наследство на Охридскиот регион”.

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА 2024 ГОДИНА

ОДЛУКА ЗА МИРУВАЊЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ПРИЈАВА ПО ЈАВЕН ОГЛАС

 

ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

 

 

 

ОДЛУКА ЗА РАБОТНО ВРЕМЕ

ОДЛУКА ЗА ЦЕНИ НА ВЛЕЗНИЦИ

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА 2023 ГОДИНА

годишен распоред за работно време 

Контакт

Работно време на управата

Влезници

Адреса

Настани

Оваа година НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид се приклучи на шестата сезона од Националната кампања …

Со потпишување на Меморандум за соработка од страна на в.д. директор на НУ Завод и Музеј Охрид, м-р Ирена Шајн и проректорот …

8 Септември

Почитувани, По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, ве информираме дека влезот за посетители во сите објекти под …

Почитувани, Ве информираме дека отпочнавме со реализација на проектот со наслов: „Јакнење на капацитетите за управување со културното наследство на Oхридскиот Регион: …

Античкиот театар е културниот бренд на градот Охрид. После две децении од повторното ставање во функција на овој локалитет НУ Завод за …

Музејски работник на годината од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид: Климент и Билјана Балеви

Музејски објекти

Куќата на Робевци Адреса: Ул. “Цар Самоил” бр. 62, 6000 Охрид. Работно време: Зимски период: од 01 Ноември до 30 Април во една смена …

Управна зграда “Радничка” Адреса:Ул, “Боро Шаин” бр. 10, 6000 Охрид Работно време:од Понеделник до Петок од 07:30 до 15:30 часот Google map  …

Меморијална куќа на Христо Узунов Адреса: Ул. “Цар Самоил” бр. 45, 6000 Охрид Работно време: од Понеделник до Петок од 07:30 до …

Галерија на икони Адреса: Ул. “Климентов Универзитет” бб, 6000 Охрид Работно време: Зимски период: од 01 Ноември до 30 Април од 09:00 до 14:00 …

Меморијална куќа на Григор Прличев Адреса: Ул. “Григор Прличев” бр. 66, 6000 ОхридРаботно време: Се отвара по најава на посетители и манифестации …

Музеј на вода наколна населба во Заливот на Коските Адреса: с. Пештани, Градиште, 6000 Охрид Работно време: Зимски период: од 01 Ноември до 30 …

Музејско-културен центар “Лапидариум” Адреса:Ул. “Цар Самоил” бр. 62, 6000 Охрид. Google map  По повод јубилеите “485 години од постоењето на општиот музеј …

Самоилова тврдина Работно време:Зимски период: од 01 Ноември до 30 Април во една смена од 09:00 до 15:30 часот, неработен ден: понеделникЛетен период: од …

Антички театар Античкиот театар е лоциран во подножјето на источната косина на повисокиот охридски рид, под Самоиловата крепост, во непосредна близина на …

Плаошник Локалитетот Плаошник се наоѓа во јужното подножје на повисокиот (западниот) рид на Охрид, на зарамнето плато меѓу цитаделата на Самоиловата тврдина …

7

Музејски објекти

6

Археолошки локалитети

6

Музејски збирки

150000

Посетители годишно