Музејски продавници

Дел од презентацијата и промоцијата на културното наследство на градот Охрид и Охридско-струшкиот регион е и продажбата на разни публикации во кои се објавуваат резултатите од работата и истражувањата на стручните лица од нашата институција и надвор од неа. Продажбата се врши во неколкуте музејски продавници и сувенирници кои се наоѓаат во некои од музејските објекти на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид и одредени локации во градот, како и една во селото Вевчани. Музејски продавници има во музејско-културниот центар "Лапидариум", во Куќата на Робевци, Музејот на вода и Галеријата на икони-Охрид, додека сувенирниците се лоцирани на неколку пунктови во градот Охрид (на малиот плоштад кај стариот Чинар; наспроти поштата, до трговскиот центар Амам и на градскиот кеј, во близина на пристаништето) и една во центарот на селото Вевчани. Покрај публикациите (разни периодични и монографски изданија, водичи), таму се продаваат и разгледници, албуми, мапи, букмаркери, како и реплики на музејски експонати изработени од различни материјали. Може да се најдат и оригинални икони, изработени според традиционалната византиска иконописна техника, копии од фрески, парчиња од современата охридска резба изработени од продолжувачите на овој традиционален уметнички занает, сребрен накит, изработен во филигранска техника, надалеку познатиот оригинален Охридски бисер и уште голем број сувенири, производи на старите уметнички занаети и изработени од различни материјали.

© 2017 Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид
Developed by Webmaster