Новоименуваната амбасадорка на САД, Кејт Брнс во посета на црквата Св. Богородица Перивлепта и Галеријата на икони во Охрид

13. 07. 2019

Новоименуваната амбасадорка на САД, Кејт Брнс во посета на црквата Св. Богородица Перивлепта и Галеријата на икони во Охрид

Амбасадорката на САД, својот престој во Охрид го искористи да ги посети црквата Св. Богородица Перивлепта и Галеријата на икони, во присуство на в. д. директорката на НУ Завод и Музеј - Охрид, Елеонора Новаковска и стручни лица вработени во институцијата. При посетата и беа презентирани постапката на конзервација и реставрација на црквата Св. Богородица Перивлепта, која беше реализирана со средства од Амбасадорскиот фонд на САД за заштита на културното наследство, како и вредните икони од постојаната поставка во Галеријата на икони.

© 2017 Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид
Developed by Webmaster