Студиски престој на студенти од отсекот за иконопис при Московската Духовна Академија во Сергиев Посад на Галеријата на икони-Охрид

03. 05. 2019 - 24. 05. 2019

Во периодот од 03 до 24 мај 2019 година во Галеријата н аикони-Охрид престојуваа и работеа шест студенти од завршната година на иконописниот отсек при Московската Духовна Академија од Сергиев Посад, Руска Федерација.

На нивно барање  а по претходно добиено одобрение од Управата за Заштита на Културното Наследство од Скопје, тие изработуваа копии на икони (вкупно шест) од перманентната поставка на Галеријата.

За време на нивниот престој, студентите беа посетени од нивната професорка и ментор Наталија Евгенеевна Алдошина, познат руски реставратор и конзерватор. Таа воопшто не го криеше воодушевувањето од убавината на иконите од Охридската колекција, нивната физичка состојба, конзерваторскиот третман, нивното одржување и презентација. Беше исто така многу задоволна од разговорите со МилчоГеогиевски-советник кустос во Галеријата на икони што е во состав на Н.У.Завод и Музеј-Охрид, за целокупната работа на Галеријата и изрази желба и надеж за идна соработка на Московската Духовна Академија со нашата институција да се продлабочи и да продолжи и за наредните генерации студенти.

Покрај студиската посета на Галеријата на икони-Охрид, студентите имаа можност да го разгледаат и да се воодушевуваат на убавините нафреско-живописот во средновековните цркви во Охрид, Прилеп, Ресен и Струмица.

© 2017 Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид
Developed by Webmaster