Амбасадорот Бејли во посета на Галеријата на икони

11. 02. 2019 - 12. 02. 2019

На 11.02.2019 година, амбасадорот на Соединетите Американски Држави, г-динот Џес Бејли, за време на престојот во Охрид, ги посети Галеријата на икони, црквата Св. Богородица Перивлепта и црквата Св. Јован - Канео, придружуван од в. д. директорот на НУ Завод и Музеј - Охрид, Елеонора Новаковска.

Амбасадорот Бејли пројави особен интерес за иконите изложени во Галеријата, кои му беа презентирани од страна на надлежниот кустос, Милчо Георгиевски. Црквата Св. Богородица Перивлепта, како еден од најзначајните и највредните споменици, е реставрирана и конзервирана со средства од Амбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство и амбасадорот имаше можност повторно да се воодушевува од импресивниот фрескоживопис. На крајот од престојот, амбасадорот Бејли ја посети црквата Св. Јован - Канео, едно од најубавите и најпрепознатливите места во Охрид и Македонија.  

© 2017 Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид
Developed by Webmaster