Базар на охридски ракотворби

22. 08. 2018 - 27. 08. 2018

Од 22 до 27 август, на Сараиште, се одржува Базар на охридски ракотворби.

На иницијатива на НУ Завод и Музеј - Охрид , со поддршка од локалната самоуправа и градоначалникот на Општина Охрид, на просторот пред куќата на Христо Узунов, на Сараиште, од 22 до 27 август 2018 год. се одржува Базар на охридски ракотворби.

Овој проект се реализира со цел да ги афирмира и промовира локалните занаети, кои како дел од традицијата и наследството, преточени во рачни изработки - сувенири, стануваат достапни за туристите и посетителите на Охрид.

© 2017 Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид
Developed by Webmaster