Посета на претседателката на Комисијата за култура при Собранието на Република Македонија, д-р Ирена Стефоска
09. 07. 2018 - 10. 07. 2018
На ден 09.07.2018 година, претседателката на Комисијата за култура при Собранието на Република Македонија, д-р Ирена Стефоска, беше во посета на НУ Завод и Музеј - Охрид. На Античкиот театар и беа презентирани извршените работи на реконструкција и санација на пристапните скали и платформите и уредувањето на просторот од страна на нашата институција.