МАТЕРИЈАЛНИ КОНТУРИ

07. 07. 2018 - 25. 07. 2018

Во рамките на 6-тото издание на меѓународната летна школа по архитектура и дизајн која се одржуваше од 30 јуни до 08 јули 2018 во Охрид, во соработка на НУ Завод и Музеј Охрид со Американ Колеџ – Скопје,.се одржа предавање и разговор со професор Митеш Диксит, архитект по Архитектура на Syracuse University, New York како и изложба на трудовите изработени за време на летната школа со наслов ,,Материјални Контури" во Куќата на Робевци, Охрид, Македонија, на 7 јули, од 19:00 часот

Митеш Диксит од архитектонското студио DOMAIN OFFICE во неговото предавање “On Process” ја истражува релацијата на теоријата и праксата, прашањето за постоењето и значењето на теоријата и суштествената конституција на дефиницијата при процесот на проектирање. Преку анализа на два проекти од различна архитектонска типологија, контекст и локација, Диксит  ја илустрира тенденцијата и копнежот на архитектонското студио DOMAIN OFFICE во потрага по “нова” дефиниција во праксата.

© 2017 Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид
Developed by Webmaster