ИЗЛОЖБА ''БИСЕРНО СИНИЛО'' НА УМЕТНИКОТ БЛАШКА МИ ЕВА

04. 05. 2018 - 17. 05. 2018

Минатиот петок во Галерија Робевци беше отворена изложбата ''Бисерно синило'' на ликовниот уметник Блашка Ми Ева. Во врска со делата изработени во акварелна техника авторот ќе напише : Насловот на изложбата, „Бисерно Синило“ е всушност наслов на едно дело, кое е и носечко дело. Бисерно синило претставува симбиоза на водената шир и небото, каде се создаваат одблесоци и рефлексии од сончевите зраци, каде навидум изгледа како бисери да се движат по површината. Бисерот како една рефлективна форма која со своите нежни нијанси на светло сини, светло розови, светло жолти бои, создаваат богатство на бои кои се и повеќе од доволно за инспирација на овој циклус.
 

Блашка Ми Ева родена 1986 во Скопје. Дипломирана на факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот сликарство под менторство на проф. Вело Ташовски, со подотсек, конзервација и реставрација на фрески и икони. Завршено средно уметничко училиште “Лазар Личеноски„ – Скопје, на отсекот текстил и облека кај професорката Лира Грабул. Добитник е на наградата најдобар студент на генерација за 2008/09 год. на УКИМ. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Има реализирано 5 самостојни изложби во Скопје и многубројни групни изложби во земјава и надвор од неа. Активно работи на полето на дизајн на накит веќе 15 години. Живее и работи во Скопје. Селектирани реализирани изложби: Самостојна изложба во МКЦ Скопје 2009; Самостојна изложба во Креактив Скопје 2011; Групна изложба во Прима Центар Берлин - Берлин 2013; Инсталација на Бела Нок – Скопје , МКЦ 2014; Самостојна изложба на мозаици, Концепт 37, Скопје 2014; Учество на Саем за современа уметност - Paratissima Skopje 2016; Самостојна изложба на цртежи – Дом на култура – Гостивар 2016; Самостојна изложба на цртежи – Музеј на Град Скопје- 2017 Самостојна изложба на цртежи Галерија Робевци - Охрид 2018

Изложбата ќе трае до 17.05.2018 година.

© 2017 Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид
Developed by Webmaster