ИЗЛОЖБА НА РАКОТВОРБИ

17. 01. 2018 - 18. 01. 2018

Во Куќата на Робевци на 17-ти јануари се отвори еднодневна изложба на ракотворби и предмети од традицијата на Турција. Изложбата беше дел од активностите на Шестата Меѓународна конференција „Охрид - Водици 2018“ на тема „Дијаспора, транснационализам и интеркултурни комуникации како нови форми на социјален капитал“. Експонатите што беа изложени се дела на учесниците на конференцијата од Универзитетот Селџук од Коња, Турција. Поставката се реализира во соработка со етнолошкото одделелние на НУ Завод и Музеј – Охрид. Изложбата ја отворија претставниците на Огранизацискиот одбор на конференцијата проф.д-р Рубин Земон  од Универзитетот Евро-Балкан од Скопје, Република Македонија и проф.д-р Ахмет Ајтаџ од Универзитетот Селџук од Коња, Република Турција.

© 2017 Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид
Developed by Webmaster