Изложба на слики на Стефан Хаџи-Николов

14. 07. 2017 - 27. 07. 2017

Во рамките на програмата на овогодинешното издание на фестивалот Охридско лето, а како дел од летната изложбена програма на НУ Завод и Музеј-Охрид, во галеријата Робевци во Охрид беше отворена изложбата на слики на Стефан Хаџи-Николов.

Овој реномиран македонски сликар, кој во истиот простор во Охрид се претстави и пред две години со неговата 60-та самостојна изложба под наслов "Светлина од минатото", на својата најнова изложба се претстави со најновите дела од богатиот опус.

Досега Хаџи-Николов има остварено голем број самостојни изложби, не само во Македонија туку и ширум светот, почнувајќи од 1982 па сè до денес.

Хаџи-Николов учествувал на повеќе од 100 групни изложби во земјата и надвор од неа. Учесник е на повеќе меѓународни ликовни колонии. Од 2002 до 2006 учествувал на Саемот на уметност "Импресија" во Пловдив, Бугарија.

Стефан Хаџи-Николов има добиено бројни признанија и престижни награди од областа на уметноста, со кои е потврдено неговото творештво.

© 2017 Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид
Developed by Webmaster