Изложба на фреско-копии, црковни везови и литургиски предмети

25. 06. 2017 - 30. 06. 2017

Кон крајот на месец јуни 2017 година, во долниот простор на Галеријата на икони-Охрид беше изложен уште еден дел од богатото наследство од збирките на НУ Завод и Музеј-Охрид.

Се работи за дваесетина фреско-копии со ликовите на словенските просветители Сс. Климент и св. Наум Охридски, но и Сс. Кирил и Методиј и други светители од црквите во Македонија и соседните земји, но и една од Рим, Италија. Копиите се изработени претежно во 1966 и 1980 година, по повод прославата на 1050 годишнината од упокојувањето на св. Климент Охридски (1966) и отворањето на Музејот на Словенската писменост во Охрид (1980) од страна на најпознатите кописти во тоа време како Драгомир Јашовиќ, Зденка Живковиќ, Никола Цонев и други. Минатата, 2016 година, поголемиот дел од овие фреско-копии беа изложени на изложбата "Св. Климент Охридски и неговите претстави во ликовната уметност" во универзитетот Урбаниана во Ватикан, како и на две други изложби во Скопје и Охрид.

Во склопот на оваа изложба се изложени и одреден број црковни везови и литургиски предмети од збирката, сè со цел да се збогати содржината и разноликоста на предметите што им се презентираат на посетителите на Галеријата на икони-Охрид.

© 2017 Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид
Developed by Webmaster