Летна школа за архитектура

25. 06. 2017 - 02. 07. 2017

Синоќа во Центарот за култура "Григор Прличев" во Охрид беше отворена петтата сесија на меѓународната Летна школа за архитектура во организација на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот "Американ колеџ" од Скопје и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид.

На отворањето се обратија деканот, проф. д-р Мишко Ралев, како и раководителот на школата Владимир Десков, а потоа свое предавање имаше словенечкиот архитект Деан Лах. 

По чинот на отворањето и предавањето на Деан Лах, учесниците на Летната школа заедно со организаторите, домаќините и гостите имаа прилика за неконвенционални разговори и дружба на мал пригоден коктел, организиран на просторот на Лапидариумот, до куќата на Робевци.

Летната школа, чија овогодинешна тема е "Природни системи". ќе биде под раководство на архитектот Деан Лах, коосновач и партнер во реномираното архитектонско студио "Енота" од Љубљана и ќе трае до 2 јули. Гости на школата ќе бидат и архитектите Крешимир Рогина и Винко Пенезиќ од Хрватска, како и Јуриј Личен од Словенија. На школата учествуваат студенти по архитектура од универзитетите "Американ колеџ" и "Св. Кирил и Методиј". Во рамките на школата ќе бидат одржани и предавања од страна на гостите предавачи, а во сабота 01. 07. 2017 ќе се одржи и јавна презентација на студентските проекти.

© 2017 Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид
Developed by Webmaster