Изложба "Intaglio" на Print Nest + студиото од Софија, Бугарија

16. 06. 2017 - 29. 06. 2017

Изложбата "Intaglio" се состои од графички дела од авторите на графичкото студио "Print Nest+" од Софија, Бугарија. Имено, шест млади автори од Македонија и од Бугарија имаат воспоставено свое студио во Софија, Бугарија автори кои ги поттикнуваат и негуваат традиционалните графички техники.

"Print Nest Studio" е работилница во која група на млади уметници вљубeни во графичката уметност, пронашла начин како имагинрниот свет да го претвори во реален. Студиото е комбинација на различни личности, луѓе со различни способности и ставови кон животот, но со заедничка точка на исчезнување. Основно обележје на графиката на овие млади автори е да се изгради имиџ во опсегот помеѓу црната и белата боја. Тие главно ги користат традиционалните графички техники за да создадат форми и простори, услови, мисли и чувства и да ѝ дадат посебна топлина и блискост на перцепцијата. Современиот изглед на графичките листови е засилен со актуелноста на прашањата кои ги третираат во своите дела. Тематските регистри се разновидни и повеќеслојни. Обрасците технички се разликуваат, од прецизноста на минијатурата до монументалност. На оваа изложба, која ќе трае до 29 јуни своите дела ќе се прикаже на уметници: Зоран Мише, Иван Матеев, Васил Ангелов, Горан Тричковски, Павел Целкоски и Ива Димитрова.

© 2017 Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид
Developed by Webmaster