Изложба МАЛ ФОРМАТ на друштвото на ликовни уметници на Македонија

02. 06. 2017 - 15. 06. 2017

На изложбата "Мал формат" се преставени дела изработени во најразлични ликовни техники од 50 македонски автори, членови на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Инаку, малиот формат од секогаш претставувал творечки предизвик и искушение дури и за најголемите уметници како Пикасо, Дали, Матис, Лотрек, Ван Гог, Гоген, сликари од сите школи и правци кои го чувствувале внатрешниот порив да го совладаат малиот квадрат, со димензии 25 х 25см, и на концизен, а понекогаш и метафоричен начин да го пренесат мотивот од големото платно во смалена димензија. Изложбата која е отворена на 2 јуни ќе трае до 15 јуни.

© 2017 Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид
Developed by Webmaster